Нетанјаху се извини за изјавата во однос на „избирачите“ Арапи
Објавено во: Свет 24 Март, 2015 09:43
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, чија партија победи на локалните избори во земјата на парламентарни избори, се извини во врска со зборовите за „Арапите гласаат на купишта“, само еден час пред да се затворат избирачките места.
На денот на изборите, тој изјави дека ривалите од левицата се обидуваат да донесат до избирачките места толпи од израелски Арапи, за да го променат односот на силите во своја полза.
Премиерот изјавил дека не сакал да ги навреди гласачите од арапско потекло.
„Признавам дека она што реков пред неколку дена влијаеше на некои израелски граѓани. Моите дејства како премиер, вклучувајќи големи инвестиции во корист на малцинството укажуваат и во мојата вистинска позиција. Сметам исто така, дека никој надвор од Израел нема право да се меша во нашите демократските процеси“ изјавил Нетанјаху.
Обраќањето сепак не наиде разбирање. Алијансата на арапските партии го отфрли извинувањето на премиерот.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




