Нетенјаху го одложи судењето поради операција на простатата
Објавено во: Свет 29 Декември, 2024
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара закажаната кривична судска постапка против него, во која требаше да сведочи оваа недела, да биде откажана поради операција на простата која требаше да биде извршена денеска.
Во барањето на Нетанјаху, кое неговиот адвокат Амит Хадад го достави до Окружниот суд во Ерусалим, се наведува дека премиерот ќе биде опериран под целосна анестезија и ќе остане во болница „неколку дена“, пишува „Тајмс оф Израел“.
„Во овој момент, од судот се бара да ги откаже судењата закажани за оваа недела“, рече Хадад, додавајќи дека „ќе го информира судот за понатамошниот развој на настаните“.
Нетанјаху почна да сведочи на 10 декември и досега шест пати сведочеше пред судот под обвинение за поткуп, измама и нарушување на довербата.