НЕВРЕМЕ СО ГРАД ПОПЛАДНЕВО ЈА ЗАФАТИ ГЕВГЕЛИЈА: Поројни дождови и силен ветер прогнозира Славчо Попоски и во следните денови
Објавено во: Македонија 29 Август, 2022 19:29
Југот на
Македонија попладнево беше зафатен од невреме со град и силен ветар, а
метеорологот Славчо Попоски најавува дека од денеска нашата територија ќе биде
под влијание на изразена влажна и нестабилна воздушна маса
Истата на многу места ќе условува поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста ќе биде поизразена од пладневните часови па натаму.
Локално ќе има појава на поизразено невреме, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, олуен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
На неговиот профил на ИмИнстаграм, Попоски наведува дека зминатиот период во Македонија се случуваа ЕКСТРЕМНИ ВРЕМЕНСКИ ПОЈАВИ. Повеќе места низ државава беа погодени од СИЛНО НЕВРЕМЕ и ПОПЛАВИ.
-Оваа година исто така, освен непогодите, регистрирани се дури две појави на торнадо. Едно е регистрирано над Охридското езеро и истото успеа да преврте дури и чамец, другото торнадо е регистрирано над Неготино и тоа неодамна и истото направи хаос во градот.
Исто така пред само неколку денови во Пелагонија е регистриран и метео рекорд. Станува збор за удар на ветер со брзина од дури 150 км/час. Најпогодени од невремето периодов се Тетово, Кавадарци и Неготино, а невреме имаше и во другите градови низ Македонија. Ваквите метеоролошки појави се поради климатските промени кој се се поизразени. Во иднина временските непогоди кај нас ќе стануваат се почести и посилни. Затоа граѓаните, како и надлежните треба да се подготват на тоа.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




