18 Декември, 2025
0.0436

НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ НА ВОЈНИЦИТЕ СЕ ПИШМАНИ ЗА ШТРАЈКОТ - министерката Петровска задоволна од нивната одлука

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2022 15:34

Добивај вести на Viber

Министерството за одбрана соопшти дека ја поздравува одлуката на Независниот синдикат да се повлече од штрајкот најавен за денеска, откако вчера министерката за одбрана Славјанка Петровска и сите 4 синдикати во одбраната меѓу кои и Независниот синдикат на професионални војници, како што велат од Одбрана, постигнале согласност за дополнителни измени на Законот во прилог на војниците.

„Имено, новите измени за кои вчера со заедничко соопштение и согласност со сите синдикати, ја известивме јавноста предвидуваат предлози кои значајно ќе ги подобрат правата на нашите припадници, како што се усогласување со минималната плата, а тоа значи линеарно зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал, правото на остварување на пензија ќе биде со навршување на 40 години работен стаж, односно 38 за жените без оглед на возраста, а ќе се изврши и нова пресметка за активниот воен и цивилен персонал кој правото на пензија го стекнал од денот на формирање на Армијата  во висина од 80 отсто во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж.

Во однос на отпремнината како можност за професионалните војници со навршени 45 години возраст, во износ од 1000 евра за секоја година помината во Армијата, новиот предлог согласно барањето на Синдикатите е износот да биде две просечни плати но не помалку од 1000 евра, со што е оставен простор за повисок износ.

До предлагањето на измените на Законот на барање на Синдикатите, Министерството за одбрана се обврза да ја провери можноста правото за земање отпремнина да се прошири на професионалните војници со навршени 45 години кои се задржани како помошно технички персонал во Министерството, и да утврди дали условите за пензионирање на припадниците на Армијата може за важат за војниците распоредени по навршувањето на 45 години во други институции. 

Дополнителноминистерката Петровска, нагласи дека во рамките на реформатана Системот за управување со кризи и за Законот за критична инфраструктура ќе ја разгледа можноста професионалните војници со навршени 45 години да бидат преземени од тие институции доколку во системските решенија се отвори таква можност. 

Предлог измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија кој година и пол беше блокиран од опозицијата, беше повлечен од страна на министерката Петровска со цел да биде дополнет и доставен до Собранието како заеднички производ, креиран преку еден инклузивен процес на Министерството, Генералштабот и синдикатите на одбраната.

Истовремено, министерката Петровска презеде обврска да разговара со колегите на владината седница во среда,со цел да се надминат предизвиците околу трансферот на професионалните војници во другите институции. Дијалогот продолжува и понатаму со сите синдикати од областа на одбраната“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери