22 Ноември, 2024
0.0289

НЕЗНАЕЊЕТО ГИ ЧИНИ И ЗДРАВЈЕ И ПАРИ: Студентите имаат право на два матични лекари!

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Не е мал бројот на суденти од помалите градови, кои студираат во Скопје, за можноста да изберат матичен лекар во градот каде студираат. Оваа неинформираност ги става во непријатни ситуации, особено кога ќе се соочат со акутни заболувања или здравствени проблеми, кои бараат итен медицински третман. Според законските регулативи во Македонија, секој студент има право на здравствено осигурување и можност да избере матичен лекар и во местото на живеење и во градот каде студира. Сепак, голем број студенти не се свесни за ова право, што ги спречува да добијат навремена здравствена помош.

Недоволна информираност ги изложува студентите на ризик

Студентите кои студираат во Скопје, а доаѓаат од помалите градови, често се соочуваат со предизвици кога ќе се разболат. Без можност да отпатуваат веднаш дома, многу од нив остануваат без здравствена помош бидејќи не знаат дека можат да изберат матичен лекар во Скопје. Ова незнаење ги остава без основна медицинска грижа, што може да има сериозни последици за нивното здравје.

Марко, 21-годишен студент од Битола, вели дека не бил информиран за можноста да избере матичен лекар во Скопје.

„Кога се разболев минатата година, и тоа токму во време на колоквиумската недела, морав да патувам назад за Битола за да добијам помош од мојот матичен лекар. Не знаев дека можам да имам матичен и во Скопје, што ќе ми олеснеше многу.“

Овој проблем го дели и Елена, студентка од Кавадарци, која посочува дека за акутна инфекција на грлото побарала лекарска помош во приватна здравствена установа, што е огромен товар за студентскиот буџет.

„Пред неколку недели, односно за време на септемвриската сесија, добив акутна инфекција на грлото, но не можев да отпатувам дома за да одам кај матичниот лекар. Сосема не знаев дека можам да имам лекар и тука. Мораше да поминам неколку дена со болки, додека не се снајдов со приватна здравствена установа.“

Според Законот за здравствено осигурување и Законот за здравствена заштита, студентите имаат право да изберат два матични лекари – еден во местото на живеење и еден во местото каде студираат. За да го остварат ова право, студентите треба да достават пријава за здравствено осигурување и потврда за редовно студирање до Фондот за здравствено осигурување, согласно местото на живеење.

„Мислам дека студентите треба подобро да се информираат за нивните права, особено кога станува збор за здравството...Доколку знаев за оваа можност, немаше да ги пропуштам предавањата поради мојата здравствена состојба, а и ќе избегнев непотребни патувања, вели студентка од Охрид.“

Оваа неинформираност ја става здравствената грижа на студентите во ризик, особено за оние кои немаат финансиски средства да посетуваат приватни здравствени установи во Скопје. Потребно е, како што велат тие, зголемување на информираноста кај студентите за нивните права, и преку студентските организации и преку факултетските служби.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија