НИ ВО ГЕРМАНИЈА НЕ ТЕЧЕ МЕД И МЛЕКО: На западот платите одат на пет илјади евра, а на истокот друга приказна
Објавено во: Финансии, Свет 04 Септември, 2023
Во компаниите со над 250 вработени, разликата меѓу Истокот и Западот во овој период дури се зголемила за 161 евро.
На врвот на листата на германски градови со највисоки плати се западногерманските градови Инголштад со 5.282 евра и Волфсбург со 5.238 евра. Најниски просечни плати имаат оние кои живеат во областите Горлиќ со 2.650 евра и Ерзгебирге со 2.651 евро во Саксонија, пишува магазинот Феникс.
Според германските медиуми, децении по обединувањето на Германија, постојат значителни разлики меѓу платите на запад и платите на истокот на земјата. Дури 71 отсто од источногерманските квалификувани работници заработуваат помалку од нивните колеги на Запад. Особено во големите компании, платите речиси и не се променија во последните години.
Податоците покажуваат дека 38 отсто од работниците добиле помалку пари од неквалификуваните работници од Запад. Според германските медиуми, разликата меѓу просечните плати на истокот и западот на земјата се намалила за само 47 евра од 2000 до 2022 година.
Во 2000 година таа разлика изнесувала 642 евра, а на крајот на 2022 година била 595 евра. Во компаниите со над 250 вработени, разликата меѓу Истокот и Западот во овој период дури се зголемила за 161 евро.
Ова се бројките со кои располага германската влада. Разликата во плати е повеќе од 21.000 евра. Кога станува збор за разликата меѓу платите меѓу Истокот и Западот на годишно ниво, според германските медиуми, таа изнесува речиси 13.000 евра.
Во 2021 година разликата во платите меѓу истокот и западот на Германија, според медиумите, изнесувала 12.173 евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.