18 Декември, 2025
0.1139

„Ние не сме само менаџери – ние сме домаќини на општината и треба да ја водиме домаќински“: Герасимовски по критиките за собирањето ѓубре

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2025 10:30

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во телевизиско интервју одговори на критиките за неговото вклучување во акциите за чистење неколку дена пред изборите, посочувајќи дека хигиената и теренската работа се дел од неговиот пристап цел мандат, а не ПР-акција.

- Тоа е една од многуте лаги што ги слушам изминативе месец дена. Еве ја мојата програма, тука има сè: и програма, и отчет, и сработено заедно со граѓаните. Тоа е доказ дека изминатите четири години сме се грижеле за сè, вклучувајќи ја и хигиената. Граѓаните не гледаат и нас, и механизацијата, и вработените, секојдневно на терен - изјави Герасимовски.

Тој посочи дека неговиот противкандидат, иако бил заменик-министер, не покажал никаков интерес за проблемите на Центар ниту за време на мандатот, ниту преку конкретни акции.

- Човек кој е заменик-министер година и пол, кој ако ги прашате граѓаните дали знаат кој е и каде работи, мислам дека само 1 отсто ќе дадат позитивен одговор. Четири години го немаше никаде кога се работеше на терен, кога чистевме диви депонии, ѓубришта. Сега постојано се слика за ПР. Добро е да се праша – фрли ли барем една кеса ѓубре во канта? Е тоа е пример – не само да критикуваш, туку и да покажеш - додаде тој.

На прашањето дали е воопшто работа на градоначалник да собира смет, Герасимовски одговори дека не станува збор за функција, туку за однос.

- Делумно се согласувам. Но, ние треба да бидеме пример. Ние не сме само менаџери – ние сме домаќини на општината и треба да ја водиме домаќински. Исто како дома. 

Затоа почнав со велосипедот, затоа сум со хигиеничарите, затоа бев на секој пожар заедно со пожарникарите, носев вода со вработените. Кога падна дрво пред 'Киро Глигоров', излегоа први вработените од Општина Центар – иако тоа треба да го прават ЈП 'Паркови и зеленило'. 

Така се води општина. Со личен пример - заклучи Герасимовски.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери