Никнува нова автобуска станица во Прилеп, ќе ја менаџира „Пелагонија бус“
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2012 11:29
Општина Прилеп денеска на електронска аукција ја продаде парцелата од 5.300 метри квадратни површина кај железничката станица, на која ќе се гради транспортен центар со нова автобуска станица.
Како купувач се јави Сања Шестакова, која најави дека станицата ќе биде пуштене идната година, а ќе се гради на површина од 500 до 700 метри квадратни, каде што ќе се сместат сите неопходни објекти и простор за автобуската станица. Исто така таа најави дека планираат се категоризират во прва категорија со работно време 24 часа.
Автобуската станица ќе ја менаџира фирмата „Пелагонија бус“.
„ Имаме искуство кога е во прашање автобускиот сообраќај. Сопственици сме на автобуските во Берово, Штип и Велес. Ќе се гради според стандарди и да се задоволат сите услови пропишани со закон за патен сообраќај“, вели Шестакова.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




