Никола Груевски сака да се обложува
Објавено во: Македонија 26 Април, 2018 18:05
Поранешниот премиер Никола Груевски, почна редовна на социјалната мрежа фејсбук да ја критикува работата на новата Влада. Тој денеска обвини дека запреле сите капитални проекти, само за да се понижиле ВМРО-ДПМНЕ и нејзините челници.
Како пример го зема случајот со изградбата на Клиничкиот центар во Скопје.
-По неколку години опсежни анализи и стручни дебати, подготовки, барања извори на финансирање, правење проекти, спроведување постапки за градба, преговори со банки, консултации со огромен број експерти од различни области, јавна расправа, склучување договори, … кога се беше завршено за градбата да започне, кога се обезбеди поволен кредит од Банката за развој при Советот на Европа, кога таа ги одобри сите постапки и кога се склучи и договор за градба, се случи трансферот на власта. Прво, пумпаа дека и тука има нешто сомнително, па ќе испитувале. Испитуваа и ништо не најдоа. Потоа, потрошија 10 месеци во наводна анализа за тоа каде било подобро да се изгради Клиничкиот центар, таму каде е сега или во населеното место викано Бардовци.
Зоран Заев кажа дека објектот на Клиничкиот центар во Бардовци ќе почнел да се гради во 2019-та. Нема да почне. А уште помалку да заврши до следните парламентарни избори, дури и да се редовни.
Ова го тврдам, затоа што и владата која ја предводев ја правеше истата анализа и точно знам колку време, колку процедури и колку пари се потребни за овој потфат, напиша Груевски на фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме




