Нимиц: Двете страни се посветени на постигнување решение
Објавено во: Македонија 25 Април, 2018 19:08
Медијаторот Метју Нимиц по попладневната заедничка средба со министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Виена изјави дека имале интензивна дискусија.
Тој рече дека двете страни покажале меѓусебна почит.
„Двете страни се посветени на постигнување решение и процесот ќе продолжи во следните недели“- изјави Нимиц по средбата што се одржа во канцеларијата на ОН во Виена.
Димитров и Коѕијас по средбата не дадоа изјави за медиумите.
Последната средба на Димитров и Коѕијас беше на 12 април во Охрид, а како што соопштија по состанокот, разговарале за првпат за временската рамка и за чекорите, за кои ако се постигне решение, како тоа ќе изгледало и како ќе се имплементирало. Заклучокот тогаш беше дека останале уште неколку спорни, но најтешки точки.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето




