17 Декември, 2025
0.0613

Ниту ново мнозинство, ниту блокада – Ќе и тргне ли еднаш на опозицијата?

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2022 10:12

Добивај вести на Viber

Македонската опозиција досега не реализира ниту еден план за рушење на власта. Ниту успева да реализира „чисти пенали“ кои за волја на вистината самата власт и ги сервира речиси катадневно. Од отворање фирми на децата на актуелни и поранешни високи владини функционери на СДСМ, до нови скандали со директори на ДУИ, како и со дивјачкото однесување на спикерот Талат Џафери. 

Пресилна власт или млака опозиција?

Опозицијата секако дека не може да ја сруши власта преку ноќ, но се што започна досега се покажа јалово и само дополнително ја засилува сликата дека „победа со премиер Мицкоски не е возможна“.

Оваа мантра наголемо се шири веќе со години во политичките кулоари, дека на ваква власт, и „магаре“ да беше лидер на опозиција досега ќе се сместеше на удобната фотелја на „Илинденска“.

Но, да направиме мал преглед на сите досегашни „потфати“ на македонската опозиција. Ново мнозинство, „пада влада“, „готови се“, барем така ликуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Беса пред да „исчезне“ Кастриот Реџепи.

Без оглед на сите заткулисни игри, факт е дека опозицијата не се покажа кадарна со „пенкало“ или во овој случај со кревање рака да смени „хибриден режим“, еве да не се налутат премногу, според најновиот извештај на власта со „демократијата со недостатоци“.

Промашени пенали или трето полувреме?

По ронењето солзи за притисоците врз пратениците, ВМРО-ДПМНЕ се врати во Собранието, гледаше како Ковачевски е избран за премиер и како му е доделена доверба да го состави новиот кабинет.

Во меѓувреме изглегоа уште десетина скандали од владината кујна. Мухамед Зеќири е третиот сменет генерален секретар на Владата, и втор по ред кој завршува во притвор под сомнежи за проневера на државни средства и злоупотреба на функцијата. И, повторно статива од „Белата палата“. Единствена утеха по неколку корупциски скандали е подигнувањето на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски како можен премиер.

Сепак, политичкиот аналитичар и од неодамна и нов член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ смета дека опозицијата се справува со нелегитимни чекори на власта и дека промените се неминовни.

Дали опозицијата со протестот на 18 јуни задоцни со дејствувањето бидејќи претходно најавуваше ново мнозинство, како и блокада на Собранието, две големи активности кои не успеаја, а во меѓувреме можеше да поентира по неколку грешки кои ги направи власта?

„Опозицијата не доцни со делувањето и со протестот на 18 јуни. Новото мнозинство беше попречено со нелегитимни средства, а активниот бојкот на Собранието дава резултати, што е видливо од нервозата на власта. Процесот на делегитимизација на Владата не запре со маневрот на промена на премиер и реконструкцијата на Владата. Довербата во Владата и натаму паѓа, а се зголемува бројот на граѓани кои мислат дека Македонија се движи во погрешна насока“, вели Клековски.

Дали со протестот ќе се подигне моментумот кој го очекува опозицијата за промена на власта, а кој започна со победата на локалните избори, но и дали доколку не се издејствуваат предвремени избори ќе дојде до апатија во опозициското движење?

„Да, очекувам да продолжи и забрза процесот на делегитимизација на Владата.  Но не очекувам Владата да падне на 19 јуни. Опозицијата не се демотивира досега, нема ни понатаму и ќе продолжи со чекори кои треба да доведат до предвремени избори“, заклучува Клековски.

Пресвртница со Бугарија?

Спорот со Бугарија може да донесе многу непредвидливи разврски како за владата на Петков, така и за владата на Ковачевски кои очигледно стануваат премиери познати по една тема во мандатот, а тоа е постигнување договор ала Заев-Ципрас.

Силната меѓународна поддршка и потезите кои ги преземаат претежно САД укажуваат на тоа дека се подготвува терен за потпишување договор.

Било каков компромис може да доведе до смена на власта и во Македонија и во Бугарија. Секако тоа ќе биде момент за поентирање на опозицијата.

Но, мора да се има и предвид дека со позитивни сигнали од Европска Унија и започнување преговори за членство, позицијата на Ковачевски во актуелната констелација на политички сили сигурно уште повеќе би си ја зацврстил својата позиција, па така комотно би излегол на соочување со противниците од опозицијата на следните избори.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6