08 Октомври, 2024
0.0263

ЊУЈОРК СО МИЛИОНСКА ТУЖБА ПРОТИВ TIKTOK, INSTAGRAM, FACEBOOK, SNAPCHAT И YOUTUBE: „Тие се одговорни за депресијата и самоубиствените идеи врз младите“

Објавено во: Свет 20 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Њујорк поднесе тужба од повеќе милиони долари против неколку социјални мрежи, тврдејќи дека тие биле дизајнирани да го искористат менталното здравје на помладите корисници. Тие велат дека оваа практика го чини градот 100 милиони долари секоја година, пренесува CNN.

Во тужбата против платформите TikTok, Instagram, Facebook, Snapchat и YouTube, градот Њујорк обвини дека тие се одговорни за зголемувањето на менталните здравствени проблеми кај помладите корисници, особено депресијата и самоубиствените идеи. Како што продолжува тужбата, овие прашања се огромно оптоварување за градот, училиштата и здравствениот систем, кои се вклучени во помагањето на младите кои се борат со лошото ментално здравје.

Досега неколку семејства ги тужеа компаниите и сопствениците на социјалните мрежи поради наводно лошо влијание на овие мрежи врз менталното здравје на нивните деца.

- Њујорк е првиот голем американски град кој презема вакви мерки и со тоа јасно и директно предупредува на опасноста што доаѓа од социјалните мрежи. – изјави градоначалникот на оваа метропола Ерик Адамс.

Оваа тужба беше поднесена само неколку недели по сослушувањата пред американскиот Сенат за штетноста на социјалните мрежи, искористувањето на младите и малолетните корисници на овие платформи, промовирањето на нереални и невозможни стандарди за убавина, самоубиствата и сексуалните предатори, меѓу другото.

Градот Њујорк бара парична отштета што ќе ги финансира превентивните образовни програми, како и третмани за подобрување на менталното здравје. Градот објави и акционен план поврзан со социјалните мрежи во кој го нагласува својот план социјалните мрежи да ги направи одговорни за содржината што се објавува на нив и да обезбеди едукација и поддршка на младите луѓе и нивните семејства. Планот вклучува и студија која ќе се занимава со долгорочното влијание на социјалните мрежи врз младите.

Минатиот месец, градоначалникот Адамс ги нарече социјалните медиуми опасност за јавното здравје, додека државниот портпарол на американската Агенција за јавно здравје издаде предупредување во кое нагласи дека социјалните медиуми претставуваат неверојатен ризик за децата. Компаниите TikTok и Google наведуваат дека имаат неколку механизми кои ги имплементирале за да им помогнат на помладите корисници, како што се поставување автоматско ограничување на времето на користење на мрежата, можност за родителски надзор и контрола на детските сметки.

Портпаролот на мрежата Snapchat наведува дека нивната платформа е тенденцијално направена да се разликува од другите „традиционални“ социјални мрежи. Понатаму, тој вели дека компанијата со задоволство им помага на пријателите да останат поврзани и да бидат среќни и подготвени додека се соочуваат со предизвиците на пубертетот. Оваа тужба може да се соочи со проблеми бидејќи во САД е многу тешко да се тужат самите социјални мрежи поради федералниот закон „Section 230“, кој вели дека технолошките компании не се одговорни за содржината што корисниците ја објавуваат на нивните платформи. Од друга страна, во Европската унија е на сила Законот за дигитални услуги, според кој компаниите можат да бидат тужени за сума до 6 отсто од годишната добивка на глобално ниво, во случај да го прекршат законот.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен