НЛБ Банка и Кроациа Осигурување со донација по повод патрониот и државен празник Св. Климент Охридски и 50 години од пуштање во употреба на објектот на НУБ „Св. Климент Охридски“
Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2022 17:42
На наше огромно задоволство НЛБ Банка и Кроациа Осигурување денеска беа дел од свеченоста во организација на Националната и Универзиетска библиотека Св. Климент Охридски со која беше одбележан патрониот и државен празник - Свети Климент Охридски како и 50-годишнината од пуштањето во употреба на објектот на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, проектантско дело на еминентниот македонски архитект Петар Муличкоски (2.3.1929 - 8.8.2022).

Како веќе најавивме НЛБ Банка заедно со Кроациа осигурувње во ноември, по повод Месецот за подигнување на свесноста за потребата од осигурување, заеднички започна општествено одговорна кампања каде во фокус беше токму Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски” во Скопје.
Се одлучивме со секоја купена полиса од Кроациа Осигурување - Живот, во некоја од филијалите на НЛБ Банка во текот на месецот, да издвојуваме по едно евро, а собраните средства ги дониравме за опремување на една од читалните во рамки на библиотеката.
Им го честитаме патрониот празник и благодарни сме на можноста да дадеме наш заеднички скромен придонес во одржување и поддршка на институцијатата која цели 50 години им своја важна улога во образованието на младите и идните работни кадри од нашата држава.
Можеби ќе ве интересира
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




