НЛБ Банка со промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица
Објавено во: Мои пари 03 Ноември, 2022 13:02
Во текот на месец ноември, НЛБ Банка спроведува промотивна кампањаза НЛБ Проклик електронско банкарство и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица.
Во промотивниот период, сите нови корисници кои ќе аплицираат за НЛБ Проклик или НЛБ мПроклик го добиваат Проклик мини пакетот без надомест за користење во текот на ноември и декември, а во наведените месеци новите корисници ќе можат да ги реализираат и сите електронски налози без трошок за електронско плаќање.
Електронското и мобилното банкарство за правни лица на НЛБ Банка нудат бројни придобивки за корисниците - брзо и едноставно реализирање на сите банкарски трансакции за компанијата, директно преку мобилен телефон или компјутер во секое време и од секое место. Електронското плаќање ја зголемува ефикасноста на работењето на компаниите, помага во заштеда на време, но и средства, бидејќи електронските налози се поевтини од хартиените.
Дополнително преку НЛБ Проклик клиентите имаат можност за преглед на кредитите и директно плаќање на обврските, како и можност за персонализирање на изгледот и прилагодување на начинот на работење. Воедно, НЛБ Проклик на клиентите им овозможува директен контакт со Банката во било кое време , како и можност да добиваат известувања за новитетите и персонализираните понуди од Банката.
Повеќе информации може да се добијат на телефонски број 02/15600, во најблиската експозитура на Банката или на следниов линк.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




