24 Јуни, 2025
0.0263

НЛБ Групацијата донира еден милион евра за надминување на последиците од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина

Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2024 14:19

Добивај вести на Viber

Минатата недела, „мајката природа уште еднаш нè потсети на нејзината огромна сила. Обилни дождови со невидена разурнувачка моќ предизвикаа поплави и свлечишта во делови од Босна и Херцеговина и одзедоамногу човечки животи, најголемата загуба за сите.

За да ги поддржи искрените напори на спасувачките служби кои се обидуваат да ги отстранат последиците од уништувањето, НЛБ Групацијата донираше еден милион евра за погодените подрачја. Донацијата ќе биде насочена кон хуманитарни организации, осигурувајќи дека помошта ќе стигне до оние на кои таа им е најпотребна.

„Во Словенија, сè уште се свежи сеќавањата на август минатата година ипоплавите кои опустошија цели области на нашата земја. И сега, сцените кои доаѓаат од нашиот матичен регион каде што живеат толку многу наши пријатели и колеги од нашите банки се особено болни. Но, катастрофата ни дава можност уште еднаш да покажеме како, кога е најтешко, стоиме еден до друг. И да докажеме дека човечката волја, срце и солидарност се посилни од неуништливата сила на природата“.- истакнува Главниот извршен директор на НЛБ д.д Љубљана, Блаж Бродњак, најавувајќи ја донацијата на Групацијата.

Сите банки од пазарите каде што работи НЛБ Групацијата– Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија, Црна Гора и Косово се вклучија во помошта со донација. НЛБ Банка Скопје донацијата ќе ја насочи преку „Фондот на солидарноста“ на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

„Она што го гледаме изминатите денови во Босна и Херцеговина не може никого да остави рамнодушен. Потресно е да се слуша за изгубени човечки животи и да се гледа како луѓето ги губат своите домови и сето она што го стекнале во животот. Имаме одговорност да се обединиме и да помогнеме, бидејќи овој регион не е само точка на мапата, туку е и наш дом“. -изјавиТони Стојановски, Председател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

Со ваквите активности, НЛБ Групацијата докажува дека не е само банка, туку еден од клучните, системски градбени блокови на општествата и економиите во овој регион. Групацијата, покрај потенцијалот, ги препознава и тешкотиите, обезбедува поддршка кога е потребна и на тој начин создава подобар свет. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот

Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот

Добиј 10% cashback на сите твои летни трансакции со бесплатната ProYOUng дебитна картичка за млади

Добиј 10% cashback на сите твои летни трансакции со бесплатната ProYOUng дебитна картичка за млади

A1 Македонија ги отвора вратите за идната генерација на млади професионалци преку практикантската програмата A1 WayUp

A1 Македонија ги отвора вратите за идната генерација на млади професионалци преку практикантската програмата A1 WayUp

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

Volkswagen Tayron ја имаше својата македонска премиера Нов SUV од Volkswagen во важен сегмент помеѓу Tiguan и Touareg

Volkswagen Tayron ја имаше својата македонска премиера Нов SUV од Volkswagen во важен сегмент помеѓу Tiguan и Touareg

„Читај каде и да си!“ – летна акција на „Литература.мк“ со попуст до 50%

„Читај каде и да си!“ – летна акција на „Литература.мк“ со попуст до 50%

Халки поткаст – искрено и отворено за родителството

Халки поткаст – искрено и отворено за родителството

„Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски – хибридно прозно патување низ книжевноста, музиката и филмот

„Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски – хибридно прозно патување низ книжевноста, музиката и филмот