16 Декември, 2025
0.0438

НОМАГАС: Известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред да се земат со резерва

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2025 15:54

Добивај вести на Viber

Oд Акционерско друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС соопштија дека во врска со известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред, поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, се соочуваат привремено да има прекин на испораката на природен гас кон Македонија, а ваквите ремонтни активности не се во ингеренции на НОМАГАС АД Скопје од причини што не се вршат на сопствениот гасовод.

„Имајќи го во предвид наведеното, активно и ажурно се следи состојбата 24 часа на ден и во рамките на расположливите можности се превземаат сите неопходни мерки за соодветно да се постапи и да се избегнат негативните страни на прекинот колку што е можно повеќе. Согласно досегашните информации кои ги имаме, ремонтните работи треба да завршат на време и веќе утре на 17 октомври треба да се стабилизира испораката на природен гас. Доколку добиеме известување за евентуални пролонгирања, дополнително ќе Ве известиме. Што се однесува до известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред на 17.10.2025 година, истите треба да се земат со резерва. Едната причина за тоа е фактот што ремонтните работи и прекинот се од 13.10.2025 година до 17.10.2025 година и претходниве три денови, вклучително со денес четири денови, факт е дека ЈСП Скопје немале проблем во функционирањето, а се проблематизира 17.10.2025 година кога треба да се стабилизира испораката на природен гас. Исто така информираме дека ЈСП Скопје веќе скоро една година од 01.12.2025 година не се наши директни корисници преку станицата од НОМАГАС АД Скопје која се наоѓа на нивната територија.

Со оглед на наведеното, доколку постои друга причина за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред од ЈСП Скопје не е коректно да се посочува на НОМАГАС АД Скопје за сензитивна тема како што е градскиот превоз во Градот Скопје“, стои во соопштението. 

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје претходно информираше дека добиле известување од снабдувачот НОМАГАС за прекин во испораката на природен гас до 17 октомври 2025 година може да предизвика редуцирање на некои автобуски линии, особено оние што го користат гасот како гориво.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи