22 Ноември, 2024
0.0405

НОВ РАЈ ЗА ПЕЧАЛБА: Во оваа земја во ЕУ најмногу се заработува, а не е Германија

Објавено во: Финансии 03 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Платите во Германија се сè уште високи во споредба со оние во повеќето други земји од Европската унија. Во индустријата лани, саатницата, вклучувајќи ги и секундарните трошоци за плата, во просек изнесувала 44 евра.

Тоа е за 44 отсто повеќе од просекот на 27-те земји на Европската унија, кој изнесува 31 евро. Со овој час, Германија е на четврто место.

Во услужниот сектор платите во Германија биле 26 отсто над просекот на ЕУ, со 38 евра на час работа, што е шесто место.

Сè на сè, германските трошоци за работна сила од околу 40  евра на час беа во 2022 година околу 30 отсто над просекот на ЕУ и, како и претходните години, на седмото место.

Според статистичките податоци, платите биле највисоки во Луксембург со околу 50 евра на час, а потоа следат Данска, Белгија, Франција, Холандија и Шведска.

Лани работната сила била најевтина во Бугарија - 8 евра на час.

Во споредба со 2021 година, трошоците за работна сила во Германија се зголемени за 5,6 отсто, нешто повеќе од просекот на ЕУ (плус 5,2 отсто).

За 10 години цената на трудот значително се зголеми, особено во источна Европа. Процентуално, трошоците за работна сила најмногу се зголемија во Бугарија, Романија, Литванија и Латвија, каде што се зголемија повеќе од двојно.

Најмали зголемувања се забележани во Шведска и Италија. Грција е единствената земја од ЕУ која пријавила пониски трошоци за работна сила во 2022 година во десетгодишна споредба (-7,6 отсто), пишува ДПА.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?