15 Декември, 2025
0.3590

НОВ СКАНДАЛ ВО СОБРАНИЕТО: Aпасиев со чевелот удираше печат на амандманите

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2023 18:09

Добивај вести на Viber

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев со чевел им ставаше печат на амандманите во Собранието. 

„Ова е по сите шверцерски стандарди на ДУИ“, вели тој. 

Имаше забелешка дека 2.500 амандмани на Левица не биле заверени и само 12 од нив биле исправни. Затоа Апасиев го соблече чевелот и со него „удираше“ печат врз амандманите и му ги доставуваше на спикерот Горан Мисовски.

„Првиот ден кога ќе паднете од власт ќе го кркате за ова. Амандманите на Левица не се доставени и за секој амандман се води претрес и се дебатира по секој. 2.500 амандмани архивирани и заведени и се фрлени од сатрапот Таљат Џафери. За да не се секирате дека некој е со печат некој не е, да не се чувствувате повредени, јас како Џорџ Буш со чевелот тука ќе ви ставам печат, еве ви го првиот, еве го и вториот амандман. Сакате со спајалици или без спајалици? Еве ви го четвртиот и еве го петтиот архивиран. Вака кога ќе дојдете вие, сами ќе си ги фрлате амандманите во една корпа зелена оти вие сте зелени“, вели Апасиев. 

Претходно, пратеникот Борислав Крмов фрлаше амандмани кон Мисовски и скрши монитор. 

Апасиев и Крмов со денешните говори, кршење на монитори и фрлање со хартија го прекршија етичкиот кодекс на Собранието за кој имаат потпишано изјава дека ќе го почитуваат.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење