НОВ СКОК: Цената на златото урива рекорди
Објавено во: Економија 04 Декември, 2023
Цената на златото руши рекорди и за прв пат е над 2.100 долари. Во 12:24 часот по средноевропско време златото поскапе за 2,19 отсто , а се продаваше за 2.114,40. долари за унца. Потоа, цената продолжи со остриот раст и достигна 2.134,43 долари.
Златото денеска ја надмина цената што ја имаше во мај 2023 година од 2.079,08 долари за унца.
Иако претседателот на ФЕД Џером Пауел повтори дека американската централна банка е подготвена повторно да реагира и да ја заостри монетарната политика доколку е потребно, тој ја увери јавноста дека ФЕД ќе го стори тоа претпазливо, затоа што „ризикот од премногу или премалку затегнување станува избалансиран“, пренесува Телетрејдер.
И минатиот месец златото имаше цена над 2.000 долари за унца.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.