12 Декември, 2024
0.2504

НОВА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Попоски ги објави деталите и метео предупредување

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

За време на викендот кој што ни доаѓа, нашата Македонија ќе биде зафатена од нов влажен воздушен бран од запад кој ќе услови нови врнежи од дожд а на планините врнежите ќе бидат од снег, каде постојаната снежна покривка ќе се зголеми. За време на овој бран на врнежи, тие ќе бидат пообилни во западните предели, и локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен, вели метеорологот Славчо Попоски.

Поради спуштање на значително поладна воздушна маса од север, во недела на 15 Декември, врнежи од снег ќе има и на повисоките места со надморска височина од околу 1000 метри. Сепак, поради дополнителното заладување, во недела навечер и ноќта кон понеделник, односно 15 спрема 16 Декември врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри, па така не се исклучува можноста провејување на снег таа ноќ да има понекаде и во градовите, особено во западните  и во северните предели од Македонија.

Во недела попладне и навечер, а особено во понеделник на 16 Декември ќе дува засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите тие во сабота ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, додека во недела тие ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Во понеделник наутро ќе биде значително постудено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен, додека на високите  и планинските места тие ќе се спуштат до околу, па и под -10 степени. Максималните дневни температури во понеделник ќе се искачуваат во интервалот само од -1 до 7 степени“, вели тој.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН РЕЧЕ ДЕКА ЗНАЕ ДЕКА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ Е ВО СИЛА, НО ДЕКА НЕ МУ СЕ ДОПАЃА“: ДУИ бара оставка од Костадиновски

„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН РЕЧЕ ДЕКА ЗНАЕ ДЕКА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ Е ВО СИЛА, НО ДЕКА НЕ МУ СЕ ДОПАЃА“: ДУИ бара оставка од Костадиновски

(ВИДЕО) Таравари во „Бизнис Муабети“: Али Ахмети ќе се повлече наскоро од политиката

(ВИДЕО) Таравари во „Бизнис Муабети“: Али Ахмети ќе се повлече наскоро од политиката

„АЛБАНЦИТЕ САКАЛЕ ДРЖАВА АЛБАНИЈА. БУГАРИТЕ БУГАРИЈА“: Најчевска распали за формирањето на државите на Балканот, еве го нејзиното објаснување

„АЛБАНЦИТЕ САКАЛЕ ДРЖАВА АЛБАНИЈА. БУГАРИТЕ БУГАРИЈА“: Најчевска распали за формирањето на државите на Балканот, еве го нејзиното објаснување

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГО КРЕНАА ГЛАСОТ: „Се противиме на постоењето можност да се укине правото на бесплатно користење јавен градски превоз“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГО КРЕНАА ГЛАСОТ: „Се противиме на постоењето можност да се укине правото на бесплатно користење јавен градски превоз“

И ВЕЛЕС БЛЕСНА НОВОГОДИШНО: А еве како е во Скопје

И ВЕЛЕС БЛЕСНА НОВОГОДИШНО: А еве како е во Скопје

„НЕ Е СТРАВ АЛБАНЦИТЕ ДА ГОВОРАТ НА СОПСТВЕН ЈАЗИК, ПОГОЛЕМ СТРАВ Е МАКЕДОНЦИТЕ ДА ГО РАЗБИРААТ АЛБАНСКИОТ“:

„НЕ Е СТРАВ АЛБАНЦИТЕ ДА ГОВОРАТ НА СОПСТВЕН ЈАЗИК, ПОГОЛЕМ СТРАВ Е МАКЕДОНЦИТЕ ДА ГО РАЗБИРААТ АЛБАНСКИОТ“:

МАКЕДОНИЈА ГО ГУБИ НАСЕЛЕНИЕТО: Колку граѓани годинава и лани побарале отпус од македонско државјанство?

МАКЕДОНИЈА ГО ГУБИ НАСЕЛЕНИЕТО: Колку граѓани годинава и лани побарале отпус од македонско државјанство?

ЛАТАС ЗА СУДЕЊЕТО НА МИЈАЛКОВ И ЗА СУДИЈАТА БЕЏЕТИ: Ако се докаже дека било решено со корупција, има основ за поништување на пресудата и повторување на судењето

ЛАТАС ЗА СУДЕЊЕТО НА МИЈАЛКОВ И ЗА СУДИЈАТА БЕЏЕТИ: Ако се докаже дека било решено со корупција, има основ за поништување на пресудата и повторување на судењето

ГРУБИ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПОЛИТИКАТА: „Чист сум како солза, ова е тешка одлука“

ГРУБИ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПОЛИТИКАТА: „Чист сум како солза, ова е тешка одлука“