17 Декември, 2025
0.0553

Нова обврска за компаниите – и за амбалажата треба документ

Објавено во: Економија 24 Септември, 2013 20:39

Добивај вести на Viber

Од први октомври започнува да се применува новиот  Правилник за безбедност на материјали и производи кои доаѓаат во контакт со храна, со кој се бара амбалажата прво да се контролира, а потоа да се пушти во употреба. Ова значи дека и производителите и увозниците, прво ќе треба да добијат дозвола од Агенцијата за храна и ветеринарство дека амбалажата е безбедна по здравјето,а компаниите ќе мора да купуваат исклучиво амбалажа за која имаат сертификатот од производителот. Ова се прави поради податокот дека третина од известувањата за небезбедна храна, добиени преку европскиот систем за брзо известување, се за храна која е загадена од материјалите користени при нејзиното производство и пакување“, вели директорот на Агенцијата за храна и ветринарство, Дејан Рунтевски. Правилникот содржи повеќе критериуми преку кои треба да се спречи дел од супстанците на одредени материјали (пластика, стакло, керамика) да се пренесат во храната при обработува или транспорт. Доколку компаниите немаат сертификати за амбалажата, ќе бидат санкционирани, вели Рунтевски. Постапката за добивање дозволи ја започнаа 114 оператори со храна од неколку стотоци во земјава, а досега според податоците во Агенцијата,  решени се 31 барање. !Правилниците ги пропишуваат општите барања кои треба да ги исполнуваат материјалите, односно производите кои доаѓаат во контакт со храната. За дел од нив имаме и посебни барања, за материјалите кои се од особена важност како што е керамиката, или материите кои се испуштаат преку детските цуцли. За две недели ќе биде пуштен правилникот кој се однесува за пластични материјали и правилникот за т.н паметни материјали“, информираше Рунтевски.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди