19 Декември, 2025
0.0616

Нова промотивна понуда за станбен кредит од Охридска банка Сосиете Женерал

“План за стан со гарантирана фиксна каматна стапка до 2030 година”, вклучено кредитно животно осигурување и без банкарски трошоци.

Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2016 13:41

Добивај вести на Viber

Од денеска, Охридска банка Сосиете Женерал го збогатува своето портфолио на производи со нова промоција, овозможувајќи им на своите клиенти уште поповолни услови за користење на станбените кредити; најдолго гарантирана фиксна каматна стапка; промотивна намалена каматна стапка за првите три години, притоаобезбедувајќи највисоко ниво на транспаретност и сигурностза клиентите на кои им е потребен кредит за недвижности.

Новата промоција се однесува на актуелниот “План за стан со гарантирана фиксна каматна стапка до 2030” кој е наменски кредит за купување, реновирање и изградба на недвижен имот. Промоцијата нуди фиксна каматна стапка до 2030-та година која изнесува  3,90% за првите три години и 5,95% фиксна каматна стапка од четвртата до четиринаесеттата година. Клиентите кои во промотивниот период, до 10-ти февруари 2017 година, ќе аплицираат за опцијата “План за стан со гарантирана фиксна каматна стапка до 2030” ќе бидат ослободени од банкарските трошоци: административен трошок, трошок за апликација и трошок за проценка на имот.

“Во април, Охридска банка Сосиете Женерал го претстави концептот “План за стан” воведувајќи, за прв пат на пазарот, станбен кредит со гарантирана фиксна каматна стапка за првите 10 години. Истата е одлично прифатена од страна на нашите клиенти и препознаена и од институциите во државата. Со новата промотивна понуда “План за стан со гарантирана фиксна каматна стапка до 2030 година” одлучивме да отидеме чекор понапред во однос на квалитетот на понудата, обезбедувајќи уште поголема сигурност за клиентите на кои им е потребен кредит за недвижности”- изјави Стефан Туати, Член на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал, кој раководи со секторот банкарство за население и маркетинг.

Како банка која нуди и услуги за животно осигурување, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за станбениот кредит „План за стан“ да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот и целосниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот.

Со промоцијата, клиентите на Охридска банка Сосиете Женерал се сигурни и точно ја знаат висината на ратата. Така, на пример, за станбен кредит со кредитно животно осигурување во износ од 30.000 евра и со рок на отплата од 240 месеци, месечната рата во првите три години изнесува 187 евра, а од четвртата до четиринаесеттата година e загарантирана да биде 217 евра месечно.

Повеќе информации за оваа промотивна понуда клиентите можат да најдат на веб страната www.ohridskabanka.mk


Можеби ќе ве интересира

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА