19 Декември, 2025
0.0920

Нова прошетка „Напред розово – чекори против ракот на дојката“

Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2014 10:17

Добивај вести на Viber

Здружението Борка – За секој нов ден, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија на 17 мај 2014 година по шести пат ја организира кампањата за борба против рак на дојка “Напред розово 2014 - чекори против ракот на дојка“. Кампањата „Напред розово 2014“ е настан од поширок јавен интерес чија основна цел е подигање на свеста кај населението за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, како и помош и поддршка на жените заболени од рак на дојка. Централниот настан ќе се одвива во Градскиот парк кај Школка со почеток во 11:00 часот. Присутните ќе ги поздрават со краток говор: Биба Додева, Маја Иванова и  Амбасадорот Пол Волерс  по што ќе започне традиционалната заедничка розова прошетка на повеќе од 1500 учесници кои пешачејќи 3 километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка. Учесниците својата прошетка Напред розво 2014  ќе ја започнат од Школка – Градски парк кон фонтаната „Лотус„ преку бул. Илинден во правец кон зградата на Владата на РМ, преку мостот Гоце Делчев до улицата 11 Март, преку надвозникот, продолжуваат лево по ул. Самуилова до раскрсницата со ул. Лазар Личеновски во правец на мостот Гоце Делчев, од каде се враќаат преку бул. Илинден до фонтаната Лотус кон Градски Парк каде што ќе се одвива главниот настан. Во прошетката покрај граѓаните на град Скопје активно учество ќе земат и поддржувачи на Борка од повеќе градови во Република Македонија, кои организирано со автобуски превоз ќе пристигнат од: Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола и Тетово и др. Оваа година кон кампањата се приклучува и неформалната група велосипедисти „На Точак кои во знак на поддршка и подигање на свеста за борба пртив рак на дојката ќе извозат рута во должина од 5 км низ центарот по што ќе се приклучат на розовата прошетка. Рутата по која ќе се движат велосипедистите започнува од пред Школка, кон тенискиот клуб Југ излегува на бул. Илинден и се вози во правец кон Владата на РМ, преку мостот Гоце Делчев се вози до раскрсницата кај Универзитетска библиотека и МНТ од каде се врти десно по бул. Филип Втори преку мостот Мајка Тереза покрај Холидеј Ин и Жена Парк, десно пред Собранието на РМ кон Рекорд и раскрсницата Палома Бјанка десно по бул. ВМРО до Главната Пошта од каде се врти лево на бул. Илинден пред Владата на РМ и десно по бул. Климент Охридски се продолжува кон Градски Парк. Кампањата Напред розово и оваа година ги има своите редовни компненти, наменската веб страна Напред розово www.napredrozovo.borka.org.mk каде ќе се споделуваат сите информации поврзани со кампањата како и корисни информации за рано детектирање на болеста и што понатаму. Продолжува и продажбата на розовите производи: дизајнирани маички, марами, шољи, магнети, алки и привезоци изработени во боите и симболите на кампањата.  За потребите на кампањата изработени се промотивни матерјали на македонски и на албански јазик, флаери, постери, тент карти, стикери, папки. Розовите производи ќе се продаваат во период од 10 до 16 мај 2014г. на повеќе локации во Скопје: Клинички центар, Клиничка болница Аџибадем-Систина, ГТЦ, улица Македонија (кафе Тренд, Пелистер и Мекиците од Стража), Веро-Тафталиџе и Супер Тинекс.  Розовите производи ќе се продаваат и во градовите  каде здружението има свои соработници. За кампањата е изработен и видео-спот во кој учествуваат 10 жени кои го победиле ракот на дојката.

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА