18 Декември, 2025
0.0420

НОВА ПРОВОКАЦИЈА: Бугари ставиле бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Скопје

Објавено во: Македонија 15 Август, 2022 15:10

Добивај вести на Viber

Бугари се пофалија дека му ставиле бугарско знаме на споменикот на  револуционерот Гоце Делчев во Скопје. 

Членови на бугарската фондација „Македонија“ поставиле бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, објави фондацијата на социјалните мрежи.

„Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува „Фондација Македонија“.

Прв човек на оваа организација е Виктор Стојанов, кој во своето последно видео обраќање на Фејсбук се пофали дека веќе имале повеќе од 100 активисти, а повика и други да се приклучат. Тој вели дека деновиве во Македонија ќе пристигнеле луѓе кои ќе ја шират нивната кауза.

Јавното Претпријатие Комунална Хигиена ја известува јавноста дека се невистинити објавите на извесни провокатори чии фотографии осамнаа на интернет дека го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

„Имено, споменикот на Гоце Делчев како и бројни други споменици низ градот се предмет на вандалски чинови и оштетувања во континуитет, при што само на споменикот на Гоце Делчев јавното претпријатие Комунална Хигиена во изминатиот месец дури три пати има превземено акција на целосно чистење со соодветна механизација, средства и човечки ресурси. Тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, а воедно лажно зема заслуги за работата на Јавното комунално претпријатие презентирајќи ја како своја, дополнително е за осуда и ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот и да превземат соодветни мерки“, велат од ЈП.

Тие повикуваат на свесност кај граѓаните да не се вандализираат и оштетуваат спомен обележјата и јавните површини. 

Комисијата за историско-oбразовни прашања, во согласност со потпишаниот Протокол со Бугарија, денеска заедно со Министерството за надворешни работи ги објави препораките со кои заеднички ќе се слават Цар Самуил, светите браќа Кирил и Методи, Св.Климент и Св.Наум, што подоцна ќе бидат испратени на усвојување на Влада.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери