НОВА ТРАГЕДИЈА: Трудница почина на гинекологија во Скопје!
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2015
Тоне ли македонското здравство низ чии лавиринти секојдневно слушаме трагични вести?
Прашање кое без чекање заслужува одговор.
38-годишна трудница во петти месец починала на скопска гиниколгија во текот на вчерашниот ден.
Првичните информации во медиумите велат дека жената имала комплицирана бременост и искрварила.
Кај нејзе веднаш била констатирана сепса, но поради нејзината критична состојба и обилното крварење откако и бил изваден плодот, докторите не успеале да ја одржат во живот.
Случајот се истражува, а телото на починатата е предадено на обдукција.
Детали се очекуваат за текот на денов.