Нова верзија од најпопуларната видео игра „Top Eleven“-биди фудбалски менаџер” започнува и на IOS и Андроид
Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2015 14:29
Жозе Мурињо, менаџер на Челзи и амбасадор за ,,Top Еleven,, изјави: "Менаџирањето со фудбалот е работа на многу љубов и страст за фудбалот. Но, за да се стане навистина успешен, исто така треба да се знае сопствениот тим, многу да се мисли и секако да се надмудрат конкурентите.
Видео играта на Nordeus не е ништо поразлично од тоа, и токму поради тоа и јас сум возбуден што сум вклучен во „Top Eleven” - играта е одличен пример за тоа како совршено се вклопуваат тим менаџментот, вештините и страста".- Top Eleven 2015 видео со Мурињо -
Корисниците играјќи лесно може да се префрлат од нивниот smartphone на нивниот таблет, и да продолжат со истата игра како досега, без губење на напредокот – исто така може да се престане со игра на еден уред, а да се продолжи на друг. Играта може бесплатно да се симне и е достапна на IOS и Андроид од денес.
Лансирана во 2010 година „Top Eleven Be a Football Manager” за многу кратко време стана една од најпопуларните видео игри во светот. Играта има 100 милиони регистрирани корисници од целиот свет, со 10 милиони активни месечни корисници, и 4 милиони дневни корисници (*податоци од AppStats базирани според бројот на дневни корисници на Facebook). Играта е креирано од компанијата Нордеус, наградувана компанија за развој на видео игри, која има свои претставништва во Лондон, Даблин, Сан франциско, Скопје и Белград.
Играта е расположлива на Apple Store, Google Play Store од 26 јануари и бесплатно може да се симне.
За повеќе информации www.topeleven.com
Нордеус е наградувата европска компанија одговорна за создавањето на видео играта Top Eleven, една од најпопуларните фудбалски видео игри. Гордоста на Нордеус е во нејзините вработени, за кои обезбедува фантастични работни услови, приватни здравствени услуги, флексибилно работно време и континуирани и посветени развојни курсеви.
Компанијата има канцеларии во London, Dublin, San Francisco, Skopje и Belgrade.
За повеќе информации www.nordeus.com.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




