17 Декември, 2025
0.0363

НОВАТА ДИРЕКТОРКА НА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА, КОСАНА МАЗНЕВА - повеќе нема да биде членка на Програмскиот Совет на МРТ

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2022 11:46

Добивај вести на Viber

Директорката на „Комунална хигиена“ Косана Николиќ Мазнева, повеќе нема да биде членка на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија. 

Нејзиниот мандат како член на Програмскиот совет на МРТВ престанал на 15 овој месец, откако за тоа се исполнети условите, се вели во документот кој е пристигнат во Собранието. 

„По добиеното известување од членот на програмскиот совет, Косана Николиќ Мазнева, а врз основа на член 120 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни, ве известуваме дека се исполнети условите од овој член во Законот и ви го доставуваме предлогот за престанокот на мандатот на членот на Програмскиот совет на МРТ, Косана Николиќ Мазнева од 15.07.2022 година“, се вели во предлогот.

Натаму, како што се додава во овој документ, согласно член 121 став 1 од истиот закон, и членот 17 став 1 од Деловникот за работа на програмскиот совет на МРТ, овој совет може да работи и ако на седницата присуствуваат најмалку девет негови членови, што значи дека функционалноста на Програмскиот совет на МРТ и без овој еден член не е доведена во прашање.

Инаку, Косана Николиќ Мазнева повеќе не може да биде член на Програмскиот совет на МРТ бидејќи пред две недели беше именувана за директорка на ЈП Комунлна хигиена.

Бидејќи, според Законот за АВМУ, членови на Програмскиот совет на МРТ не можат да бидат пратеници. членови на Владата, именувани или избрани функционери, раководни лица во државен орган, орган на државната управа, единица на локалната самоуправа или регулаторни тела, како и директори или членови на Управни одбори на јавни претпријаија. 

Престанокот на мандатот на Мазнева го утврдуваат народните избраници. 

Инаку, од град Скопје на 12 јули соопштија дека за нов директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“  Скопје е назначена Косана Мазнева.

Од таму во соопштение нагласија дека Мазнева има повеќе од 15 години искуство, од кои како раководител на сектор природа во Министерство за животна средина и просторно планирање, одговорен инженер и советник за животна средина во АД „Електрани на Македонија“ и поранешен пратеник во два мандата.

Високо образование има завршено на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците