Новата опција на Фејсбук може скапо да ве чини
Објавено во: Мои пари 07 Септември, 2014 13:05
Фејсбук неодамна на своите мобилни апликации овозможи автоматско пуштање на видео клипови во „њус фид“. Иако оваа функција на некои корисници добро ќе им дојдат, може да се случи истата да им направи големи сметки за телефон, бидејќи е потврдено да троши голема количина на податоци за пренос.
Портпаролот на компанијата Фејсбук изјавил дека се труди видео снимките да се трошат што помалку податоци за пренос, што сепак и не е случај, но на секоја среќа оваа опција е можно да се исклучи во само неколку чекори.
Доколку користите ајфон се што треба да направите е да одите во „Settings“, да го пронајдете Facebook и да ја отворите оваа опција. Потоа одите во „Settings“, па во „Auto-play“ и да ја изберете опцијата „Off“ или „Wi-Fi only“.
Сепак доколку користите андроид, отворете ја Фејсбук апликацијата, одете на подесувања, и кликнете „App Settings“, и потоа одберете ја опцијата „Wi-Fi only“ или „Off“.
На овој начин ќе бидете сигурни дека на крајот на месецот нема да ви пристигне непријатно „изненадување“ во вид на астрономска сметка за вашиот мобилен телефон.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




