17 Декември, 2025
0.0529

Новата принцеза ќе ја спаси британската економија

Објавено во: Свет 20 Април, 2015 09:02

Добивај вести на Viber

Второто дете на војводата и војвотката од Кембриџ треба да се роди секој момент. Кулминацијата на големото очекување ќе биде на 25 или 26 април. И ќе ја засили британската економија со меѓу 20 и 250 милиони фунти, предвидуваат експертите. "Корисниците сигурно ќе трошат повеќе пари - по трговски објекти, пабови, ресторани. Бенефитот ќе се почувствува во форма на зголемување на купување на храна и пијалаци. И ќе бидат продадени многу сувенири, се разбира ", коментира економистот Мајкл Инграм. Раѓањето на Принцот Џорџ пред две години влеја во британската економија околу 243 милиони фунти. Ако овој пат Кејт роди мала принцеза, веста ќе биде уште подобра, објаснуваат експертите на Островот и аргументираат дека женските кралски деца традиционално даваат дополнителен поттик на трговијата. Кралските палати во Велика Британија се радуваат овие денови на голем прилив на посетители кои го чекаат раѓањето на новиот член на кралското семејство. Болницата "Сент Мери" е предмет на постојани посети на кралски фанови, од кои некои го веат британското знаме или облеката им е украсена во националните бои. Второто дете на Кејт, војвотката од Кембриџ, и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, ќе ја заземе четвртата позиција во линијата на Наследство на тронот. Друга туристичка дестинација е лондонската резиденција на Кејт и Мери - дворецот "Кенсингтон", рекламиран од дилерот на онлајн билети AttractionTix.co.uk како "официјалниот дом на идниот крал, принцот Џорџ" и неговиот брат или сестра. Од почетокот на април со 36 проценти се зголемени посетителите на дворецот "Виндзор", "Тауер оф Лондон" и други кралски објекти, велат од AttractionTix.co.uk за весникот "Сандеј експрес". Букмејкерот Вилијам Хил предвидува дека бебето ќе се појави на виделина меѓу 20 и 26 април. А најверојатно името ќе биде Алис, следено од Елизабет и Шарлот, иако кралскиот двор не правел никакви соопштенија за полот на детето. Претставници на дворот велат дека сакаат да се избегне "медиумскиот хаос", кој го следеше раѓањето на Џорџ во јули 2013 година - трет во линијата за Наследство на тронот, заземено сега од неговата прабаба кралицата Елизабета. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави