17 Мај, 2024
0.0284

Нови автобуски дирекни линии Велес-Скопје

Објавено во: Економија 12 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски денеска се сретна и разговараше со градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев за тековните и нови проекти во општина Велес.

На прес-конференцијата министерот Јанакиевски меѓу бројните проекти од октомври најави со пет дирекни автобуски линии од Велес за Скопје да се реши проблемот на велешани околу недостаток на автобуски превоз.

- Законот за превоз по иницијатива на пратеникот од Велес Илија Димов е променет и на 1. октомври ќе има јавен повик за нови компании кои се заинтересирани за нови автобуски линии.Повикот ќе трае два дена и очекувам кон крајот на октомври да имаме пет нови автобуски линии кои дирекно ќе поаѓаат од Велес за Скопје, изјави министерот за транспорт и врски.

Министерот Јанакиевски информира дека со градоначалникот Чадиев разговарале и за процесот на легализација.Тој информира дека три илјади семејства се уште немаат доставено геодетски елаборати за легализирање на куќите.

- Ја користам можноста да апелирам до граѓаните и да ги потсетам дека до 18. јуни е рокот кога граѓаните треба да ги достават елаборатите, а доколку не го сторат тоа го губат правото на легализација на куќите, рече Јанакиески. Тој потсети дека за намалени цените за 50 проценти за корисниците на социјална помош, а што е олеснителна околност за овие социјално загрозени семејства.

Министерот Јанакиевски информира дека се резговарало и за проектот за реализација на водоводни канализациони мрежи кој се реализира во соработка со Европската Инвестициона Банка. Потсети дека општината Велес има на располагање 1 милион и 500 илјади евра, а досега доставиле 11 проекти вредни 300 илјади евра, и затоа очекува Општината Велес во соработка со Месните Заедници и со Советот на Општинина Велес до Министерството за транспорт и врски да достави и нови апликации за реализација на нови проекти со кои би се искористиле сите средства.

Овој месец патот Велес- Кадрифаково, подвлече Јанакиески, се очекува да започне со реконструкција преку Јавното претпријатие за државни патишта. Најави и реконструкција на локалните патишта во општината кои се дел од Европската Инвестициона Банка.

Во Европската Комисија, според него, веќе била доставена целокупната проектна документација и се очекува најдоцна до почетот на октомври да ­ има јавен повик за реконструкција на десетте железнички станици во Македонија, меѓу кои и во Велес.

- Пред десет дена министерството даде и согласност за измена на ДУП во Велес, а градоначалникот ме замоли да се забрза постапката за нови индустриски зони со што ќе се реши проблемот со невработеноста. Како министерство во најбрз можен рок согласно законските прописи ќе дадеме согласност за да може да се продаваат тие парцели,потенцира Јанакиески. Тој воедно информира дека наскоро во Велес ќе се гради и една нова бензиска пумпа од десетте ново планирани во земјава.

Градоначалникот Славчо Чадиев информира дека Општина Велес работи на изготвување документација на мостот „Гемиџии“, а ќе се направат и испитување за мостот кај Башино Село.  Интензивно се работи и на проектот за индустриската зона во Караслари, а наскоро ќе се работи и за нова индустриска зона на потегот под кланицата „АГРИА“ во месноста Бабуна.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија