НОВИ ЦЕНИ: Еве за колку ќе полните резервоари со бензин и дизел од ноќеска
Објавено во: Економија 20 Август, 2018
По нови цени од ноќеска на полноќ ќе се точат нафтените деривати.
Регулаторна одлучи бензините да поевтинат, а дизелот да поскапи.
Тоа значи дека возачите кои ќе ги полнат резервоарите од ноќеска за ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе плаќаат 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе точат по цена од 72,5 денари.
За ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се плаќаат 63 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) нема да се промени односно ќе чини 51,5 денари за литар.
Овие цени стапуваат на сила од ноќеска и ќе важат две недели.