26 Ноември, 2024
0.0293

НОВИ ДАНОЦИ, АМА И ПРАВЕДЕН ДАНОК, ЗАДОЛЖУВАЊА: Детали од фискалната стратегија

Објавено во: Економија 31 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Годинава пад на вкупната економија од 3,4 проценти, но во следните три години раст на БДП од над 4 проценти предвидува Владата во најновата Фискална стратегија што беше усвоена во вторникот. Фактор открива детали од плановите кои се носат во услови на пандемија на КОвид - 19 и присутна непредвидливост на понатамошниот развој. Клучни ризици се времетрањето на кризата, што негативно ќе се одрази и на македонската економија, но во основното сценарио, ефектите од здравствената криза се сметаат како привремени. Во новата Фискална стратегија има анализа на сите буџетски ставки, проекции за странските инвестиции, извозот, но не и за јавниот долг. Тие ќе биле презентирани во новата Стратегија за управување со долгот.



„Во посткризниот период мерките ќе бидат насочени кон стимулирање на приватната потрошувачка на граѓаните и дополнителна поддршка на стопанството за заштита на ликвидноста и работните места, зголемување на конкурентноста, продуктивноста и модернизирање на опремата и процесите. Приоритетите на среден рок ќе бидат насочен кон зголемување на конкурентноста на економијата и вработеноста, создавање на поволна деловна клима, поддршка и развој на малите и средните претпријатија, унапредување на социјалната сигурност и заштита, развој на иновативната дејност, како и поддршка на економијата со значителни инвестиции во инфраструктурни проекти, стои во стратегијата.

ПРАВЕДЕН ДАНОК И ЗЕЛЕНО ОДАНОЧУВАЊЕ

Владата планира намалување на вкупните расходи, а ќе се намалува и буџетскиот дефицит - односно од 6,8 проценти од БДП во 2020 година на 3,2 отсто во 2021 година, 2,2 проценти од БДП во 2022 година и 2 проценти од БДП во 2023 година. Минусот ќе се фианнсира со нови позајмувања во странство и дома.

Приходите пак кои доста беа погодени во кризата се планирани на 30 отсто од БДП во следните години. Владата планира реформи и во даночната и во пензиската сфера, но нема прецизни детали за тоа. Сепак останува идејата за праведен данок иако прогресивното оданочување сега е ставено во мирување

„Главни приоритети се поголема праведност во оданочувањето, со цел да се обезбеди секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плаќа својот праведен удел од данокот,  поголема ефикасност и продуктивност на даночниот систем за подобра наплата на приходите... Се планира воведување зелено оданочување, со цел стимулирање на даночните обврзници преку давачките да придонесат за помало загадување, односно да се дестимулираат да ја загадуваат животната средина. Преку благо релаксирање на даночната политика со истовремена корекција кај одделни даночни стапки се очекува да се постигне повеќекратен ефект односно - со истото е предвидено да се обезбеди поголем даночен опфат, фер и олеснети административни процеси, како и поддршка на приватниот сектор, што би резултирало со намалување на даночната евазија, стои во стратегијата.

Во стратегијата стои дека останува повратот на ДДВ кај физичките лица.

ЈАВЕН ДОЛГ

Заклучно со март државниот долг изнесува 4.57 милијарди евра, односно 41,8 проценти  од БДП. . Вкупниот јавен долг го вклучува државниот долг и долгот на јавните претпријатија и трговски друштва во доминантна или целосна државна сопственост до 31 март е 5.56 милијарди евра, што претставува 50,7 отсто од БДП. Во стратегијата нема проекции за следните години.

„Со настапувањето на Ковид-19 кризата, се зголемија потребите за финансирање што резултираа со поголемо задолжување на меѓународниот пазар на капитал. Притоа, зголемените потреби за финансирање проследени со намалените проекции за економски раст, го зголемија индикаторот јавен долг/БДП кој на крајот на 2020 година, кој заради зголемените финансиски потреби и намалениот економски раст ќе биде повисок од планираниот во ревидираната Фискална стратегија 2020-2022 година. Подетални проекции за движењето на државниот и јавниот долг ќе бидат презентирани во Стратегијата за управување со јавен долг за 2021-2023 година, стои во стратегијата.

Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија