НОВИ ДЕСТИНАЦИИ И НОВИ ЦЕНИ: Нови пет авионски линии на ВИЗЕР со ниски цени
Објавено во: Мои пари 22 Јануари, 2015 13:58
Денеска ТАВ Македонија и компанијата ВИЗЕР ги презентираа новите дестинаци и ниските цени со кои овозможуваат лет од Скопје и Охрид до неколку европски дестинации.
Децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ ја имаа честа да четаат до Охрид како дел од презентацијата.
Имено летот до Осло-Торп кој сообраќа во понеделник и петок е по цена од 1.799 денари. Исто толку ќе чини и летот до Барселона, секој вторник и сабота. По 1.999 денари ќе чинат летовите до Нирнберг и Фридрихшафен. Најевтин од новите летови е летот до Хамбург, кој ќе чини 1.499 денари секоја среда и недела.
Од охридскиот аеродром воведена е нова рута до Базел-Милхаус, која ќе чини 1.199 денари.
Овие цени важат за билет во еден правец, што вклучува аеродромски такси и една мала торба за кабински багаж.
Истовремено, освен новите летови, се зголемува и фрекфентноста на постоечки рути.
До Малме досега се патуваше пет дена неделно, а отсега седум. До Келн, Франкфурт, Милано и Париз досега имаше два лета во неделата, а сега ќе има три. Од три на четири пати неделно се зголемува бројот на летови до Гетеборг.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




