16 Декември, 2025
0.0649

Нови договори за зајакнување на македонско-турскиот бизнис

Објавено во: Мои пари 01 Септември, 2014 12:17

Добивај вести на Viber

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) продолжува да ја зајакнува соработката со компаниите и бизнис организациите од Република Турција. За време на престојот на делегацијата на ССК на 83. Интернационалниот Саем во Измир, Претседателот на ССК, г-ѓа Данела Арсовска потпиша Меморандуми за соработка со Претседателот на Конфедерацијата на бизнисмените и индустријалците на Турција – ТУСКОН, г. Ризанур Мерал и со Претседателот на Асоцијацијата на бизнисмени ТУМСИАД, Измир, г. Мехмед Цејлан. На бизнис средбата помеѓу ССК и делегацијата на ТУСКОН, најмоќната бизнис организација во Турција со претставништва ширум светот, беше истакнато дека најголем интерес за инвестиции и зацврстување на македонско-турската соработка постои во секторот градежништво. За таа цел, во октомври годинава се очекува бизнисмени од Турција да ја посетат нашата земја, а во ноември нашите компании ќе имаат можност да се претстават на бизнис форум во Измир, Турција. На средбата со бизнисмените од ТУМСИАД се разговараше за можностите за соработка помеѓу македонските и компаниите од Турција, во текстилната и кондиторската индустрија. До крајот на престојот на делегацијата на ССК во Измир, претстои потпишување на Меморандум за соработка и со Асоцијацијата на млади бизнисмени на Турција, ТУГИАД. Сојузот на стопански комори на Македонија заедно со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија од 29 август до 7 септември  годинава,  учествуваат на 83. Интернационален Саем во Измир, Турција.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“