19 Декември, 2025
0.0552

Нови права за малцинските акционери

Објавено во: Економија 08 Мај, 2013 13:00

Добивај вести на Viber

Зголемување на правата на малцинските акционери и давање поголем простор на претпријатијата за поднесување завршни сметки во Централниот регистар, предвидуваат измените во Законот за трговски друштва што Владата ги усвои на вчерашната седница.

Како што информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев едната измена предвидува акционер или група акционери кои имаат најмалку 10 отсто од основната главнина на трговското друштво врз основа на постоење сомневање за  можни нерегуларности во водењето трговски книги и активностите на трговското друштво имаат право да бараат од органот на управување да свика Собрание на трговското друштво на кое ќе се назначи овластен ревизор кој ќе изврши увид, ревизија, проверка, уверување или поврзани услуги во делокругот на активностите на трговското друштво за кои во барањето е изразено сомневање за постоење можни нерегуларности.

Акционерите ќе може да бараат од надлежен суд да донесе одлука за назначување овластен ревизор доколку Собранието не се свика во рок од осум дена од поднесување на барањето, ако Собранието одбие да номинира овластен ревизор или ако во рок од 60 дена од поднесување на барањето не донесе одлука за нзначување овластен ревизор.

По истекот на овие рокови барањето до судот може малцинските акционери да го поднесат во рок од 30 дена. Тие ќе може да поднесат барање и во рок од една година од денот на осознавањето за постоење можни нерегуларности во водењето на активностите на трговското друштво.

Трошоците за назначување и надоместок за овластениот ревизор паѓаат на товар на акционерите кои го барале назначувањето, но доколку се утврди дека постојат нерегуларности во работењето, паѓаат на товар на трговското друштво.

Законските измени предвидуваат овластениот ревизор да не смее да има конфликт на интереси со трговското друштво или акционерите и во последните три години да не давал консултантски услуги на трговското друштво или на акционерите.

Според Ѓорѓиев, овие измени се во насока на зголемување на активизмот на акционерите и во насока на воспоставување стандарди што владеат во ЕУ и земјите што практикуваат пазарна економија, а со цел поголема заштита и промоција на нивните интереси.

Во однос на втората измена, Ѓорѓиев истакна дека сега сите компании ќе може завршните сметки за претходната година да ги достават до Централниот регистар до 15 март во календарската година. Досега законски беше утврдено завршните сметки компаниите да ги достават до 28 февруари. Сметката големите и средните претпријатија ќе ја доставуваат исклучиво по електронски пат. Трговците поединци ќе може да ја достават и во електронска и хартиена форма.

Како што истакна Ѓорѓиев, оваа измена е на барање на Комората на сметководители.

Одговарајќи на новинарско прашање дали на владината седница станало збор за ОХИС, рече дека за загубарите немало точка на дневен ред, но оти постојано се следи состојбата од страна на економскиот тим министри кои се насочени кон разгледување на состојбата и оти се бараат модели за решавање на ова прашање создадено уште пред 10-тина година.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра