17 Декември, 2025
0.0828

НОВИ ПРОБЛЕМИ: Авион на Малезија Ерлајнс мораше принудно да слета

Објавено во: Свет 14 Септември, 2014 10:13

Добивај вести на Viber

Авион на компанијата Малезија Ерлајнс, која во изминатиот период ја погодија две катастрофални несреќи и неколку помали инциденти, мораше да се врати на аеродромот во Куала Лумпур и принудно да слета заради дефект на системот за автоматско управување. Авионот на летот МХ198 за Хидерабад, Индија, се вратил и без проблеми слетал во Куала Лумпур рано утрово, цели четири часа по олетувањето од малезискиот главен град, објави авиокомпанијата. Дефектот утврден на авионот Боинг 737-800 „не ја загрози безбедноста на авионот и патниците“, се истакнува во сопштението. Сепак, пилотот одлучил да се врати. Летот е одложен за попладнево. Малезија Ерлајнс во последните месеци имаше две големи несреќи. Авионот на летот МХ 370 исчезна на 8 март кратко по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг со 239 патници и членови на екипажот. Тој авион уште не е пронајден. Вториот Боинг од таа компанија на летот од Амстердам за Куала Лумпур, беше соборен над источна Украина, во регионот каде што војуваат украинската војска и проруските сепаратисти, кои меѓусебно се обвинуваат за инцидентот. Во авионот загинаа 298 патници и членови на екипажот, од кои 193 холандски државјани.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави