17 Декември, 2025
0.1660

Нови санкции за Русија – колку ја погодуваат Москва?

Објавено во: Свет 12 Септември, 2014 17:41

Добивај вести на Viber

Европската унија и САД координирано донесоа одлука за нов сет санкции кон Русија, заради нејзината инволвираност во украинската криза. Целта на новите мерки е уште поголема политичка и економска изолација на Москва заради дестабилизацијата на Украина и учеството на руските оружени трупи на украинска територија. „ЕУ ќе ги продлабочи санкциите во четири области во кои вакви мерки се спроведуваат од јули. Зборуваме за пристапот до пазарот на капитал, одбраната, чувствителните технологии и стоката со двојна намена. Лидерите на ЕУ исто така бараат да се состави листа на поединци кои се поврзани со делувањето на сепаратистичките групи во источна Украина, особено во регионот на Донбас, и тоа исто така е направено“, вели портпаролката на Кетрин Ештон, високата претставничка за заедничка и надворешна политика на Унијата, Маја Коцијанчич. Санкциите редвидуваат замрзнување на средствата и забара на за патување за високи руски официјални претставници и пратеници, вкупно 24, вклучувајќи го и националистичкиот лидер Владимир Жириновски, како и рестрикции за финансирањето на државно поврзаните компании, вклучувајќи ги Роснефт, Транснефт и Газпром нефт. Американскиот претседател Барак Обама објави дека координирано од денеска и САД ги зајакнуваат санкциите против Русија во одбранбениот, финансискиот и енергетскиот сектор. Прва реакција на ваквиот чекор беше значително слабеење на руската рубља денеска. Руското Министерство за надворешни работи оцени дека санкции ги подриваат напорите за постигнување на примирје во Украина и оцени дека „ЕУ практично донесе одлука против процесот за постигање мировен договор“. Официјална Москва санкциите ги квалификува како „непријателски чин“ и веќе најавува дека ќе возврати „апсолутно пропорционално“. Според Андреј Белоусов, советник на рускиот претседател Владимир Путин, веќе е составена нова иста на производители на стоки, на кои ќе им биде забранет увоз во Русија. Одговорот од Москва се заканува да ја издигне на ново ниво трговската војна меѓу Русија и европските земји, од што неизбежни последици ќе имаат и европските компании. Од последиците не може да избега ниту руската економија, која е на работ на рецесија и од април не бележи никаков раст.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави