НОВИОТ ИНТЕЛ ПРОЦЕСОР: тенок како жилет, оптимален микс на перформанси, убавина, батерија!
Објавено во: Мои пари 06 Септември, 2014 07:53
„Бевме на повеќегодишна мисија за да одговориме на барањата на крајниот корисник и да ги трансформираме мобилните компјутери. Воведувањето наCore М претставува значајна пресвртница на тој пат ", изјави Кирк Скуген (Kirk Skaugen), постар заменик претседател и генерален менаџер за персонални компјутери во Интел корпорацијата. Core М е прв од новата фамилија на производи наменети за остварување на ветувањето на еден од најтенките лап-топ компјутери во светот и таблети со највисоките перформанси во единствениот 2 во 1 уред."
Побрзи перформанси и далеку подолготрајна батерија
Intel Core М овозможува до 50 проценти побрзи перформанси и 40 проценти побрзи графички перформанси споредено со претходната 4-та генерација Core processor.2 Потрошувачите со постари компјутери ќе забележат видно подобрување на перформансите. Колку за пример, Intel Core М на еден четиригодишен компјутер1му овозможува двојно подобри преформанси и до седум пати подобра графика.
Во 2013 година, Интел го испорача најголемото генерациско подобрување на батеријата во историјата на компанијата. Intel Core ™ М и платформата за намалување на моќноста резултираа со уште поголемо продолжување на векот на батеријата. Intel Core M процесорот може да се справи со повеќе од осум часа видео игри; што е до 20 проценти (1,7 часа) подолго траење на батеријата наспроти претходната генерација Intel Core processor3и двојно го зголемува векот на батеријата на еден просечен четиригодишен персонален компјутер.1
Тенки, „Fanless“ 2во1 достапни за празниците 2014 ... и потоa
Intel Core M процесорскиот пакет е 50 проценти помал и, на 4,5 вати, има шеесет проценти пониска термална моќ од претходните генерации. 4 Ова им овозможува на производителите елегантен дизајн, Fanless системи потенки од 9mm – потенки од ААА батерија и денешните најтенки лап-топ компјутери . Кај производителите се веќе во процес на развој повеќе од дваесет производи базирани на Intel Core M процесор. Првите системи базирани на Intel Core M процесор ќе бидат на полиците за време на празничната продажна сезона.
На IFA, производители вклучувајќи ги Acer, Asus, Dell, HP и Lenovo претставија нови уреди базирани на Intel Core M процесор, со различни големини, стилови и цени, што наскоро ќе бидат на пазарот
• Во четвртиот квартал од годината, Acer ќе ја прошири својата популарна 2-во-1 серија на преносни компјутери со Aspire Switch 12, на кој има 12,5 "FHD дисплеј со единствена kickstand и магнетна тастатура за да се движат непречено меѓу 5 режими.
• ASUS го претстави ASUS Zenbook UX305, неверојатно лесеи и тенок Ultrabook со 13 "qHD дисплеј и ASUS Transformer Book T300FA 2 во 1, кој беше претставен за време на обраќањето на Интел. Transformer Book T300FA е со високи перформанси 2 во 1; се очекува да биде на продажба во Европа оваа есен за околу 599 €. Гледајќи напред, ASUS планира да оди со уште потенко решение - со ASUS Transformer Book T300 Chi.
• Dell ја објави својата прва комерцијална 2 во 1 серија -, Latitude 13 7000 Series, која ги комбинира лесниот бизнис Ultrabook ™ и посебен таблет во еден моќен, уред без компромиси.
• HP дополнително го проширува своето наградувано ENVY портфолио со додавање на две нови HP ENVY x2 преносни компјутери, достапни во 13,3-инчен и 15,6-инчен формат.
• Новиот Lenovo ThinkPad Helix, кој ќе биде достапен во октомври, е 12 проценти полесен и 15 проценти потенок од својот претходник, додека поседува уште поголема моќ благодарение на Intel ® Core ™ M процесор.
Intel истотака претстави Intel Core M процесор-базирани дизајн од Toshiba.
Според Интел поширока достапност на уреди базирани на Intel Core M процесор, се очекува во првата половина на 2015 година.
Во врска со понатамошниот избор и достапност Интел соопшти дека работи со добавувачи вклучувајќи го Wistron * и други. Wistron планира уред базиран на Intel Core M процесор, дизајн инспириран од Интел, под името "Llama Mountain". Овој неверојатен „Fanless“ Llama Mountain референтен уред, тенок само 7.2mm и тежок само 670 грама, беше премиерно најавен од страна на Интел на Computex во Тајван оваа година.
"Conflict-Free" процесор; Дополнителникарактеристики
Intel Core М е "conflict-free" производ, што значи дека овој производ не содржи конфликтни минерали (калај, Тантал, волфрам и /или злато) кои директно или индиректно финансираат или се во корист на вооружени групи во Демократска Република Конго (ДРК ) или соседнито земји.
Intel Core M процесорот е достапен во неколку верзии: до 2.0Ghz Intel Core М-5Y10 / 5Y10a процесори и до 2.6GHz Intel Core М-5Y70 процесор. Core М-5Y70 е најсилниот M процесор и е истотака достапен со Intel vPro технологијата за бизнис 2 во 1 со вградени безбедносни карактеристики да помогне во заштитата на податоци, кориснички идентитети и мрежни пристапи.5
Дополнителни Intel Core М карактеристики вклучуваат поддршка за висок квалитет на звук, ИнтелWi-Di 5.0, втората генерација Intel 802.11ac производи и ќе се развива поддршка за безжичен "докинг" соWiGig од Intel. За повеќе информации посетете ја страницата:www.intel.com.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




