НОВКОВСКА ЗА ФАКТОР24: Реален, професионален и сериозен попис е можен најрано во 2020 година
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2017 14:34
За квалитетен попис споредлив со меѓународните стандарди мора да се има стабилен општествен политички амбиент, подготовка на институциите за реализација на оваа статистичка операција и да направиме детална анализа на сите ризици, процеси и притисоци поради што пропадна пописот од 2011 година, вели во интервју за магазинот Фактор24 универзитетскиот професор и поранешен директор на Државниот завод за статистика проф. д-р Благица Новковска.
„Сега има помалку општествени услови од пред шест години кога беше стопиран тогашниот попис. Новата статистичка опрација не смее да биде предмет на политичка манипулација и анализа со партиски интереси . Една од проценките за нејзината успешност е сврзана со методологијата на попишување. Ми се чини дека треба да реализираме комбиниран попис, користејќи ги традиционалните методи на теренско попишување и одговори од населението , а дел од одговорите за прашањата да се добијат со податоците и нивно извлекување од постојните институции . Тие мора да располагаат со административни факти што имаат висок квалитет на веродостојност и споредливост“, објансува проф. д-р Благица Новковска.
Според поранешниот директор на ДЗС за да се организира реален попис во 2020 година, без тој да биде привремен или паушален, неопходно е наредната година да се донесе Закон за попис. Според Новковска се помалку европски земји вршат попис на население по етничка и религиска припадност. Според Евростат тие податоци не се обврзувачки.
„Со наредниот попис во Македонија може да има изнанадувачки резултати во актуелната структура и бројност на населнието во етничките заедници . Ќе има интресни поместувања“, проценува проф. д-р Благица Новковска .
Универзитетскиот професор Благица Новковска тврди дека во Македонија не живеат 2 милиони жители . Но таа спори и дека од државата се иселиле меѓу 5-600.000 илјади граѓани во последната декада, додавајќи дека тој податок е прилично паушално пласиран. За универзитетски професор од факултетот за Туризам и Менаџмент и меѓународен експерт за статистика загрижувачки е трендот на иселување од државата, но смета дека најголем број од иселените се Македонци и Албанци и дека нивното заминување е започнато во првите години од осамостојувањето на Македонија , но е интензивиран во последнта декада.
Интерланото интервју со поранешниот директор на ДЗС проф. д-р Благица Новковска ќе може да го проследите во вечерашното издание на Фактор24, заеднички телевизиски проект на веб порталот Фактор и телевизијата 24Вести.
Ќе можете да видите и спротиставени експертски мислења дали Груевски и Ахмети ќе формираат Влада и дали СДСМ е алтернатива , доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го врати мандатот. На крајот на емисијата ќе ја проследните и рубриката Факторизација.
Уредник и водител на Фактор24 е Горазд Чомовски.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




