Ново катче на Виталиа со нутриционистичко советување за време на велигденските пости
Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2015 14:16
По отварањето на продавницата за здрава храна во City Mall, Виталиа продолжува со инвестирање во своите продажни објекти.
Најново освежување се случи во продавницата на ул. 50-та Дивизија, под Клиничкиот центар каде со проширување и ново ентериерно уредување се овозможи зголемување на асортиманот и креирање на нутрицинистички катче наменето како советувалиште за потрошувачите. Со препознатлив и уникатен имиџ продажниот салон на Виталиа е модерна и урбана станица за набавка на здрава храна во градот.
Во новиот простор граѓаните ќе можат да се снабдат со широка палета од над 400 здрави продукти од категоријата на диететика и суплементи, органски производи, безглутенски и макробиотски производи, житни продукти.
Виталиа е повеќе од две децении присутна на пазарот, наметнувајќи високи стандарди за презентацијата на производите. Токму затоа одлучивме да му дадеме нов лик на овој продажен салон. Реновираниот простор има поширок изложбен дел, со внимателна категоризација на производите, со што на потрошуваќите им овозможивме вистинско шопинг задоволство- велат од компанијата.
Новитет во продажниот салон на Виталиа е и воведувањето на бесплатно нутриционистичко советување со Др. Нела Деспотовска, доктор по општа медицина и нутриционист во компанијата.
Др. Деспотовска за време на престојните Велигденски пости ќе им излезе во пресрет на граѓаните со совети за нивната исхрана и имплементација на здрав начин на живот. Советувањето ќе се оддржува секоја среда од 12:00 до 14:00 часот, почнувајќи од 25-ти февруари и ќе трае се до 8-ми април 2015 година.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави






