Ново прскање против комарци – приоритет туристичките региони
Објавено во: Мои пари 09 Јули, 2014 14:11
На 11 и 14 јули 2014 година ќе се изврши втората авиодезинсекција прскање против возрасни комарци со широкопојасен инсектицид, информира Министерството за транспорт и врски.
Прскањето против комарци ќе се спроведе на 4 локации утврдени како приоритетни од страна на Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство.
Дезинсекцијата ќе биде извршена на вкупна површина од 4.400 хектари по воздушен пат.
Имено, на 11.07.2014 ќе се спроведе прскање во општина Дојран на вкупна површина од 1000 хектари и во општина Чешиново-Облешево на површина од 900 хектари, а на 14.07.2014 година ќе се изврши прскање во општина Охрид на површина од 1500 хектари, како и во општина Ресен на површина од 1000 хектари.
Препаратот за прскање (Аква К-отрин) кој ќе се употреби при престојното прскање, е со брзо почетно дејство, висока ефикасност, минимална доза и со висок коефициент на безбедност, согласно препораките на Светската здравствена организација за заштита на населението и неговата животна средина.
Исто така, прскање против комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција), се изврши и во месец јуни, во пресрет на летниот период и туристичката сезона, се со цел да се намали присуството на комарци.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




