19 Декември, 2025
0.2974

НСРР започна со кампањата „Нема да молчам” која е во рамките на 16 дена активизам за борба против насилство врз жените

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2022 10:12

Добивај вести на Viber

Со цел да се зголеми свеста на јавноста за семејното насилство врз жените, НСРР започна со кампањата „Нема да молчам“ која ќе трае од 25 ноември до 10 декември.

Една од главните цели на оваа кампања е да се поттикнат жртвите и/или сведоците на насилство истото да го пријават на бесплатната мобилна СОС линија 141 700 без префикс од сите телекомуникациски оператори која е достапна 24/7 и преку која се гарантира дискреција.

Оваа линија ќе биде достапна и по завршувањето на кампањата.

Останати цели на кампањата се и следниве:

§  Луѓето да бидат мотивирани да не молчат кога се случува насилство врз жените, без разлика дали се сведоци или жртви.

§  Да се надмине стигматизацијата и двојната виктимизација на жртвите.

§  Да се поттикне јавна дискусија за организирана и инклузивна превенција и елиминација на насилството врз жените.

Националниот совет за родова рамноправност(НСРР) активно работи на родова еднаквост, загарантирани женски права, елиминација на дискриминацијата на жените во општеството и семејството и градење на општество со еднакви можности.

НСРР е национална, мултиетничка и мултигенерациска мрежа, креативно ориентирана кон иднината. Организацијата се стреми кон постигнување родова рамноправност, развој, заштита на женските права и мир.

Со своите активности, НСРР промовира култура на мир и ненасилство, учествува во политичкото и економското јакнење на жените, се залага за социјално вклучување на жените од руралните средини и маргинилизираните групи, учествува во унапредувањето и подобрувањето на политиките за родово базирано насилство и се залага за сè она што се подразбира со зборот рамноправност.

Проектот е поддржан од Делегација на Европска Унија на Република Македонија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА