17 Декември, 2025
0.0466

Обама: Не ми треба одобрение од Конгресот за напад на Ирак

Објавено во: Свет 19 Јуни, 2014 12:47

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама им порача на лидерите од американскиот Конгрес дека не му е потребна поддршка од ова законодавно тело за каква било акција во Ирак, тврди лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел. Обама вчера во Белата куќа се сретна со лидерите во Конгресот со кои разговараше за одговорот на САД на последниот напредок на радикалната Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИЛ) во Ирак. По состанокот, Меконел истакнал дека претседателот „навестил дека нема чувство оти му е потребно одобрување од конгресмените за чекорите кои би можел да ги преземе“. Белата куќа до сега го избегнува одговорот на незгодното прашање - дали за воена интервенција во Ирак ќе биде потребно одобрување од Конгресот? Ирак вчера од САД побара да иницираат воздушни напади против сунитските екстремисти од ИСИЛ, кои зазедоа поголем дел од северните ирачки области. Американскиот потпретседател Џо Бајден, со ирачкиот премиер Нури ал-Малики разгледуваше „дополнителни мерки“, кои би можеле да помогнат во потиснување на екстремистите. Меѓутоа, секретарот за одбрана Чак Хејгел, истакна во Конгресот дека „актуелната ирачка Влада никогаш не ги исполнила обврските кои ги прифатила, а тоа е создаде влада на единство меѓу сунитите, шиитите и Курдите“. Според експертите, Обама сега има неколку опции, меѓу кои и да се повика на Одобрението за употреба на воена сила против Ал Каеда и нејзините соработници, кое когресот го усвои уште во 2001 година, Одобрението за употреба на сила од 2002 година врз основа на кое беше извршена интервенцијата во Ирак, но и сопствените овластувања како врховен командант.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави