16 Декември, 2025
0.2700

Објавено глобалното видео за часот на планетата Земја – и Македонија дел од него

Објавено во: Мои пари 21 Јануари, 2015 10:21

Добивај вести на Viber

Како што започнува одбројувањето за најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја, тимот на ова светско движење денеска официјално го промовираше глобалното видео од светската маркетинг кампања во кое за првпат се појавуваат и инсерти од Македонија! Две минутното видео во кое главна музичка тема е интернационалниот хит “Pompeii” на британскиот бенд “Bastille” ја прикажува потребата да се променат климатските промени со моќта која ја поседува секој од нас. „Ние сме првата генерација која го чувствува влијанието од климатските промени, и последната генерација која може да го промени тоа!“ – вели американскиот претседател Барак Обама во видео рекламата. Поради актуелноста и успешноста на акцијата Часот на планетата Земја минатата година во Македонија, глобалниот тим реши да вметне инсерт од исклучувањето на осветлувањето од плоштадот во Скопје во рекламата која ја гледа целиот свет, а истото можете да го видите во 58-та секунда од видеото. Часот на планетата Земја претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата. Македонија оваа година во акцијата ќе се вклучи по шести пат. 10152231_10203490554605530_1246250109_o „Навистина сум среќен поради големата успешност на Часот на планетата Земја во Македонија и ме радува тоа што глобалниот тим ја препозна нашата ангажираност и реши да вметне инсерт од исклучувањето на осветлувањето на плоштадот во Скопје во видео рекламата која ја гледа целиот свет!“ – додава Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија. Од македонската организација најавуваат повеќе детали за акцијата во периодот кој следува, а сите нови информации можете да ги следите на Фејсбук страницата Earth Hour Macedonia (https://www.facebook.com/earthhourmk). Оваа година, Часот на планетата Земја се одржува на 28 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 7.000 градови низ 162 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија. Во продолжение погледнете ја официјалната видео реклама. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=4OJgv1_cz54[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави