Обука „Автентично женско лидерство“
Објавено во: Мои пари 15 Март, 2016 15:15
- Усовршени лидерски вештини
- Зголемена самодоверба • Способност за донесување на одлуки
- Креирање на стратешка бизнис мрежа • Слобода за критичо размислување
- Усвојување на коучинг принципи за личен и деловен менаџмент
Според актуелните статистички анализи, може да се забележи дека на пазарот на трудот застапеноста на жените и на мажите е подеднаква. Ситуацијата е слична и на нивото на среден менаџмент, додека воочливи разлики има во оние ситуации кога се прави селекција на кадар за повисоки раководни функции, каде што има многу повеќе мажи отколку жени. Во последниот извештај на Catalysta, меѓу 500-те најуспешни компании според (Forbes), во Бордот се наогаат 19,2% жени, а само 4% се CEO-a.
Интересни се податоците кои укажуваат на тоа дека компаниите во кои има повеќе жени на високи раководни функции, имаат подобри финансиски резултати. Се укажува на тоа дека жените имаат поразвиени способности за подобра проценка на ризикот, покажуваат поголема иницијатива и имаат подобар однос со клиентите.
Коренот на причината поради која нема голем број на жени на раководни позиции е можеби и во нивното стекнато однесување, да не се борат доволно за себе, да не ги истакнуваат доволно своите заслуги и не доволната асертивност.
За да се подобри финансискиот перформанс на една компанија, треба да се поддржуваат жените, да се охрабрат во своето деловно однесување, низ емоционална интелегенција, која може да допринесе да бидат конструктивни и значен сегмент за успех на една компанијата.
Програмата не е феминистички манифест, туку укажува на разликите помеѓу жените и мажите, кои може да им помогнат на жените поуспешно да раководат и подобро да соработуваат со колегите.
Јас бев на високи раководни позиции во мултинационални компании. Свесна сум со кои предизвици се соочуваат жените и зошто понекогаш одлучуваат да се повлечат и да не се изложуваат на дополнителен стрес.
Своето лично искуство, знаење и познавање на човечкото тело и психа, го прилагодив во оваа обука и имам голема желба да им ги пренесам техниките и методите преку кои можат да бидат поуспешни, да имаат подобар баланс за да бидат продуктивни и задоволни, долгорочно.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




