28 Октомври, 2024
0.0308

Обвинение против Национален парк Пелистер и директорот, исечени и продадени 109 дрвја без дозвола

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против Национален парк Пелистер и петмина поединци, од кои еден бил дуректор на институцијата која управува со заштитеното подрачје.

Обвинението се однесува за пустошење шума, а директорот е одговорен за несовесно работење,затоа што без дозвола одобрил сечење и продавање на 109 дрва. 

„На точно неутврден датум во периодот од крајот на септември 2023 година до 09.10.2023 година, во близина на место викано “Голема ливада“ во рамките на Националниот парк Пелистер, петтемина први соизвршители, во име и за сметка на обвинетото правно лице кое стопанисува со Националниот парк Пелистер, спротивно на Законот за шумите, сечеле шума во националниот парк.

Врз основа на усна наредба на двајцата првообвинети, останатите тројца шумски работници, без претходно одобрение и извршен преглед на ознаката за сеча од овластен инспектор за шумарство од Државниот инспекторат за шумарство, од Националниот парк Пелистер бесправно исекле 85 стебла молика и 24 стебла ела во вкупна количина на дрвна маса од 168.63 м3, со намена за нивна продажба како дрвна маса во име и за сметка на обвинетото правно лице ЈУ Национален парк Пелистер“, објави Обвинителството.

Директорот бесправно исечените дрвја ги продал на три фирми,при тоа никаде не било запишано дека тие се исечени.

„Последниот обвинет, како вршител на должноста директор на ЈУ Национален парк Пелистер Битола, од небрежност, со пропуштање на должен надзор очигледно несовесно постапувал при вршење на своите овластувања и должности и не ја обезбедил законитоста и соодветно управување во работењето на Националниот парк Пелистер. Тој бесправно исечените дрвја и друга дрвна маса за која нема доказ дека е сечена согласно Закон ги продавал во име и за сметка на ЈУ Национален парк Пелистер Битола како техничка дрвна маса на три правни лица, со што обвинетиот прибавил имотна корист на ЈУ Национален парк Пелистер Битола во износ од 1.752.287 денари“, дополнува Обвинителството.


Можеби ќе ве интересира

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот

„ИЗЕТ МЕЏИТИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ВЛАДИНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ“: Алијанса на Албанците бара реакција од ДКСК

„ИЗЕТ МЕЏИТИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ВЛАДИНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ“: Алијанса на Албанците бара реакција од ДКСК

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СО ПРЕКРАСНА ВЕСТ - по трет пат татко

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СО ПРЕКРАСНА ВЕСТ - по трет пат татко

„ПРИТИСОКОТ ОД ОВИЕ КОДОШКО-УДБАШКИ ИНСТАЛАЦИИ ДОПОЛНИТЕЛНО МЕ МОТИВИРА“: премиерот во одбрана на директорот на АНБ

„ПРИТИСОКОТ ОД ОВИЕ КОДОШКО-УДБАШКИ ИНСТАЛАЦИИ ДОПОЛНИТЕЛНО МЕ МОТИВИРА“: премиерот во одбрана на директорот на АНБ