Обвинителството ги распореди предметите за Арафат Муареми и за техничката станица на „Беса транс“
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2022 12:18
Четиричлена комисија формирана од Трајче Пеливанов, времен раководител со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, предистрагата од предметот оформен по поднесена анонимна кривична пријава против повеќе лица од Управата за финансиска полиција и доскорешниот директор Арафат Муареми е предаден на обвинителката Лиле Стефанова.
Предметот од предистрагата за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ каде што на технички преглед минал автобусот на „Беса транс“, е распореден во работа кај јавниот обвинител Катерина Коларевиќ.
„Постапувањето по овие предмети ќе продолжи непречено и јавните обвинители на кои сега им се доверени ќе ги преземат сите дејствија во согласност со Законот за кривична постапка за да ги проверат наводите во поднесените кривични пријави.
По останатите предмети во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција нема никаков застој во постапувањето“, објави Основното јавно обвинителство.
Пеливанов како привремен раководител дојде на местото на Вилма Русковска, која е суспендирана на позицијата шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




