16 Декември, 2025
0.3583

Очекувајте дождлив ден

Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2015 08:20

Добивај вести на Viber

Недела ќе биде дождлив ден. Врнежите во западниот и јужниот крај ќе започнат рано наутро, додека во североисточниот крај тие ќе започнат рано претпладне. Поголема количина на дожд се очекува токму во регионот каде врнежите први ќе почнат - југозападниот. Сепак не станува збор на „проблематична“ количина на наврнат воден талог. На планините се очекуваат венежи од снег, а позначително зголемување на снежната покривка се очекува долж планините во западниот регион, информираат од Метеопро.

Утрото ќе биде потопло во однос на саботното. Минималната температура ќе има вредност околу 3°С низ поголем дел од населените места, a минимална околу 5°С се очекува во Гевгелискиот крај. На повисоките места минималната температура ќе се „спушти“ до околу -5°С.Максималната температура ќе има вредност околу 7°С низ котлините во земјава. Во јужниот дел на земјава максималната ќе достигне вредност околу 9°С. На повисоките места максималната температура ќе има вредност околу 2°С во западниот и околу 6°С во источниот регион.

Во скопската котлина  се очекува облачно и врнежливо време. Минималната температура ќе има вредност околу 2°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 7°С.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави