„ОЧИГЛЕДНО ЗНААТ ДА ЧИТААТ АМА НЕ ГО РАЗБИРААТ ТОА ШТО ГО ЧИТААТ“: Најчевска распали за албанскиот јазик
Објавено во: Македонија 08 Декември, 2024
Прво, Уставниот суд не смее да донесе никаква одлука без отворање на јавна експертска расправа.
Второ, на секој од овие потписници на писмото треба да им се испрати примерок од:
1. Уставот на Македонија
2. Рамковната конвенција за заштита на малцинствата
3. Повелбата за регионалните и малцинските јазици
4. Охридскиот рамковен договор
5. Мислењето на Венецијанската комисија за актуелниот Закон за употреба на јазиците на малцинствата во Македонија.
Да им се испратат на: македонски, албвански и англиски.
Чисто да бидеме сигурни дека ќе ги прочитаат.
А можеби треба и една презентација со објаснивање што всушност кажуваат бидејки очигледно знаат да читаат ама не го разбираат тоа што го читаат.
Ова го објави на социјалните мрежи професорката Мирајана Најчевска, по информациите дека голема група од албански интелектуалци ипсратиле писмот до Уставниот суд поврзано со примената на албанскиот јазик во Македонија.