15 Јануари, 2025
0.1211

Од 1-ви март поевтино парно, но цената ќе се проверува секој месец

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

На почетокот на март, цената на парното ќе се намали за 13,26 отсто за граѓаните кои се греат преку „Балкан енерџи груп“ и за 14,92 отсто за оние што се греат преку топланата „Скопје Север“.Ваквите измени денеска беа најавени од Регулаторната комисија, чиј претседател Димитар Петров, истакна дека  поевтинувањето на парното не било поврзано претстојните избори, туку со  намалувањето на цената на природниот гас. Со  новите измени се дозволува Регулаторот секој месец да ја ревидира цената на парното, која ќе зависи од цената на гасот како енергенс кој учествува со 70 % во формирање на конечната цената на парното.

Со измените на Правилникот се овозможува, истакна Петров, РКЕ на месечно ниво да може да ги менува цените на варијабилната топлинска енергија во интервал од плус – минус 5 отсто (+/-5%). Со сегашниот Правилник тоа можеше да го прави само двапати годишно, во декември и во јуни.

Прашан дали РКЕ одобрува двочасовно дополнително греење во Скопје како што предложи „Балкан енерџи груп“, Петров рече дека Регулаторот нема ништо против доколку услугата е во корист на граѓаните, но додаде дека за тоа не можат да дадат писмен документ.

На прашањето, пак, дали можат да контролираат дали и кога производителот ги исклучува вентилите и дали тие два часа ќе влезат во крајните сметки на корисниците, рече дека од „Балкан енерџи груп“ добиле уверување дека можат да ги контролираат вентилите во потстаниците, но додаде дека нема податоци колку од потстаниците се автоматизирани.

Граѓаните добија и поевтини јануарски сметки

Во јануари немало никакво намалување на цената на парното греење, минататa седмица потврдија од Балкан енерџи груп, рускатата фирма која го презеде бизнисот со Топлификација и ги испорачува јануарските сметки за парно греење. Цената на парното греење е иста, но сметките за парно греење кај некои потрошувачи биле помали, поради тоа што компанијата испорачала помалку топлинска енергија заради топлата зима, а тоа го пишувало и на самите сметки кои ги добивале потрошувачите, посочија за Фактор извори од компанијата. Од почетокот на годинава обврската за производство, дистрибуција и снабдување  со топлинска енергија е во рацете на  руската компанија Балкан Енерџи Груп која од Топлификација презеде околу 400 вработени. Балкан енерџи Груп воведе и некои новини со кои го продолжи времетраењето на испораката на енергија до 23 часот. Претходно Топлфикација ги врати сите лиценци потребни за работа бидејки работеле нерентабилно.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања